ДОНАЦИЈА | Пријатели и пријателки, оние кои ме познаваат лично и оние кои не ме познаваат!

84108

Се обраќам до сите вас бидејќи ми е потребна вашата помош повеќе од кога било. Последно да е да треба да си помагаме за вакви работи, но кога дошло мора до крај…

Имено, како што веќе знаат некои поблиски луѓе за мојата ситуација, a сега ќе ја споделам и со јавноста, боледувам од опаката болест на 21-ви век на само 23 годишна возраст, бубрежен канцер.

Извршена беше операција во јуни 2015 и токму кога мислев дека се’ е завршено, во март оваа година болеста се враќа и метастазира на неколку места, меѓу кои и коските.

loading...

За да се контролира оваа болест, примам т.н. таргет терапија (Votrient) во вид на таблети и покажува одлични резултати до сега т.е болеста полека се повлекува. Но, оваа терапија не е на позитивната листа на ФЗОМ и ја набавуваме од странство приватно и е многу скапа, чини 2100 евра месечно, сума којашто моето семејство не може да си ја дозволи за набавка на овој лек. Добивав донации од повеќе фирми, но тие беа доволни само за 5 дози кои веќе ги примив досега.

Затоа, ве замолувам сите вас во рамките на вашите можности да ми помогнете финансиски колку што можете.

Број на кој може да донирате 100 ден. од повик:
Корисници на Телеком – 070 143 102
Корисници на One – 075 143 472
Корисници на Vip – 077 143 472

Податоци за трансакциска сметка:
Влатко Мицкоски
210-5016789882-78
НЛБ Тутунска Банка

Од се’ срце ви се заблагодаруваме однапред, јас и моето семејство!

СПОДЕЛЕТЕ СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ !

loading...