Доцното вечерање не е поврзано со дебелината кај децата

327

Истражувањето спроведено на Колеџот Кингс во Лондон сугерира дека вечерањето во доцните часови не е повразно со зголемениот ризик за дебелина кај децата. 

Наодите на британските научници се темелат на податоци собрани од околу 1600 деца на возраст од 4 до 18 години.

Се покажа дека зачестеноста на дебелината кај испитаниците кои имале оброци меѓу 20 и 22 часот не е ништо поголема од кај испитаници кои не јаделе по 20 часот.

loading...

„Бритиш Џурнал оф Нутришн“ пишува дека истражувачите се изненадиле од добиените резултати бидејќи очекувале утврдување на поврзаноста на доцните оброци и зголемување на шансите за добивање на прекумерни килограми.

loading...