До родителите и до оние кои палнираат да бидат родители | Не ги галете премногу децата

5057

Владета Јеротиќ, познат академик, невропсихијатар, психотерапевт и писател им го сврти вниманието на родителите премногу да не ги галат децата, но и на тоа кога е оправдано да се казни детето …

Кога е оправдано да се казни детето и како може да биде опасен “турскиот туш” во воспитувањето на децата

“Ако детето, и кога сте строги, ја чувствува вашата љубов, и ако некогаш ќе го удрите по задникот, нема да има последици. Но, ако не ја почувствува љубовта – ќе има последици. А родителите знаат многу добро да се налутат …

loading...

Детето може да израсне во стабилна личност и тогаш ако е сигурно во љубовта на само еден родител. Татко ми знаеше да ме натепа, но само тогаш кога нешто ќе згрешам. Тој беше праведен. Внимавајте родители, не го казнувајте детето, ако не утврдите дека е виновно.

Голем проблем, типичен за родителите на Балканот, е постоењето на класичниот бинарен семеен пар. Строг, нефлексибилен, често суров татко и добра, нежна, попустлива мајка на која татковците со генерации ѝ префрлуваат дека со таквото однесување кон детето развива размазеност и непослушност. Најлошото е кога таткото ќе го натепа детето, а потоа мајката го гали и му дава чоколадо … тоа се вика – турски туш. Тоа воопшто не е добро.

А гледајќи го просторот на поранешна Југославија, повеќето деца во Србија, родителите ги тепаат, речиси 90 проценти. А наградувањето е речиси непознато. Не е тешко да се извлечат заклучоци за развој на самодовербата и достоинството на еден човек кој како дете обично бил казнуван, а ретко наградуван, или пофалуван.”

Послушајте ги овие мудри совети и не им ја уништувајте самодовербата на децата.

loading...