До сабота топло, од недела дожд и грмежи

401

Сончево и топло време со пораст на дневната температура ќе преовладува до сабота, а нов влажен бран со врнежи од дожд се очекува од недела кој ќе услови повторно намалување на дневната температура за околу 5 до 7 степени.

Во сабота максималната температура ќе достигне до 30-тиот степен, а веќе од недела ќе има намалување на дневната температура до 23 степени. Врнежите на повеќе места ќе бидат поројни со грмежи и ќе дува повремено засилен северозападен ветер.

Во почетокот на следната недела во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Максималните температури до среда ќе достигнат до 27 степен, информира УХМР.

loading...