До сите свекрви: минати, сегашни, идни! И јас ќе бидам свекрва, ова важи и за мене!

54385
Booking.com INT

Склони сте да давате совети, кои никој од Вас не ги побарал. Вие сѐ работите подобро, вие сѐ сте работеле подобро! И вие вашите деца себе сте си ги родиле, и раѓале. Сега оставете нѐ на мира. Јас сум мајка! Јас!

Bitcoin Exchange CEX.IO

Го учев на раце, бидејќи не можев да гледам како се витка од грчеви, а јас да се однесувам како демек сам со тоа да се избори! Ма, така ли?!!!

Спие со нас, затоа што ЈАС така сакам! Кога нешто го боли, тој ја бара мојата близина! Не Вашата, туку мојата! И јас ќе бидам тука! Кога ништо не го боли, тој е во својот кревет. Има фази кога сака да спие на моите гради, не на градите на Вашиот син, туку на моите гради. И јас сум тука. Почнал да лази, бидејќи тој така сакал! Вашето дете не лазело, тоа било напредно, моето не е толку напредно како Вашето, и … лази.

Кога ќе ја удри главата, земам здив и чекам. Ако заплаче скокам, ако не, тогаш ништо. Го сакам најмногу на свет и многу нешта правам за него, но, исто така, не сакам да биде слабак.

Имам обврска кон женскиот род да сочувам и да воспитам ЧОВЕК, кој ќе се грижи за своето семејство и за жената; маж на кој нема да му пречи да прави што и да е за својата жена; на кого жената ќе му биде на прво место! Јас сум мајка на машко дете и велам – да, жената сине мора да биде пред твојата мајка !!! Таа ќе ги раѓа твоите деца.
Вашето дете слушало сѐ што ќе речете. Кога одите на гости погледнете го во очи и прашајте го: “Каков треба да бидеш?” А тој одговара: “Како светец” !!! Тоа било Вашето дете. На моето повеќе пати сте му кажале дека е безобразно иако има 8,5 месеци. Но … денес беше врв. “Тргни го кафето од него (инаку овде станува збор за празни, испиени шолји кафе), гледаш дека е тврдоглав и не слуша што му се зборува!” Aaaaaaaa … па нели има 8,5 ебени месеци (простете за пцуењето), што треба да слуша! ? Дека е како Светец! Па, еве втор пат Ви кажувам,

Вашето дете било совршено бебе и совршено дете. Моето не е! Тоа не е истото дете, затоа што ниту мајката не е иста. Вие и јас не сме исто. Моето дете ќе го научам на некои други работи. Исто како што Вашиот син сум го учела во 27-та година како се гали, како се релаксира, као нема врска ако нешто не направи, а она што ќе направи – е совршено, бидејќи вложил труд. Јас нема да го критикувам како Вие, кои и ден денес го критикувате своето дете. Како вели мојата мајка: “Не му дозволувај да плаче. Тогаш зошто си го раѓала! Туку само легни го на гради да почувствува дека си тука. ”

Така и ќе правам! Но, со граници!

Текстот е испратен од Б.Б., која сакаше да остане анонимна.

Споделете со вашите пријатели … !!!

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...