Дрвено засолниште во природа

398

Во шумски предел на околу 130 километри од Њујорк е изграден комплексот „Хадсон Вудс“, кој опфаќа 26 модерни и енергески ефикасни куќи.

Проектот, дело на студиото „Ланг Архитекчр“, тежнее ентериерот на секоја куќа да ја отвори кон опкружувањето во архитектонска смисла, со цел нејзините станари да се отворат кон значајни работи и кон одамна заборавените страсти.

Ваквиот архитектонски пристап претставува решение за едноставна и традиционална куќа, целосно вклопнеа во околната средина и со прекрасен поглед кон неа.

Ентериерот е модерен и топол со мноштво рачно изработени детали од локалниот бел даб, кои се среќаваат во сите простории на куќата.

Целата идеја на „Хадсон Видс“ е да се добие станбен комплекс кој нема да има штетно влијание кон приодните убавини во неговото опкружување.