Дрога, бесплатен алкохол и неограничен секс | Фото/Видео

6585

Туристичката агенција Good Girls Company ставила во својата понуда хедонистичко патување, какво што не се гледа секој ден. Уште повеќе, прашањето е дали вакво патување воопшто било некогаш видено.

Компанијата имено ветува дека сите оние кои на 24-ти ноември со нив ќе тргнат на пат до колумбискиот остров во близина на градот Картагена ќе можат три дена да уживаат во изобилни количини на дрога, бесплатен алкохол и неограничен, пишува The Mirror.

Good Girls Company вели дека нивните клиенти, речиси сигурно се сами мажи, за време на одморот на колумбискиот остров ќе можат да го живеат животот “за кои секогаш сонувале”, и дека со гарантирана дискреција ќе можат да ги исполнат сите свои најлуди фантазии.

“Шеесет проститутки ќе се грижат за потребите на 30 клиенти. Две девојки ќе бидат на располагање на клиентите 24 часа на ден. Цена на турнејата вклучува појадок, ручек и вечера”, изјавиле од компанијата.

Првиот ден од патувањето, компанијата ќе организира сексуална сесија за гостите во која секој од нив може да учествува, додека вториот ден секој гостин ќе може да помине 30 минути со 16 девојки оддеднаш. Третиот и четвртиот ден ќе биде малку помирно. Во текот на тие денови, гостите ќе треба да се задоволат со забавите со DJ на јахта која прима 100 луѓе.

Во случај ако ова некому не е доволно, компанијата нуди дополнителна можност со надоплата за еротска масажа и групен секс. За оние кои не сакаат да го поминат целото патување во собата, Good Girls Company овозможи јавање и голф.

За да не остане се на зборови, Good Girls Company објави и видео огласи за патувањето на колумбискиот остров на декаденцијата.

loading...