д-р Владимир Милошев | Граѓаните кои примаат инсулин нема да останат без терапија

764
Booking.com INT

Граѓаните на Република Македонија кои примаат инсулин нема да останат ниту еден ден без потребната терапија, изјави денеска д-р Владимир Милошев, државен секретар во Министерството за здравство. 

Bitcoin Exchange CEX.IO

– Согласно постоечкиот договор за набавка на инсулин, двогодишниот договор август 2016 – август 2018, од сите типови на инсулин има доволни количини. Единствено претставува мал проблем „новорапидот“ кој го имаме само за уште месец и половина. Веќе бараме начин да извршиме интервентен увоз и дополнителна тендерска постапка за еден и пол месец за да стигнеме до август кога ќе го отвориме комплетниот пакет за јавна набавка за нов двогодишен договор за набавка на инсулин, рече Милошев.

Тој појасни дека редовната постапка ќе биде во август.

– Еден и пол месец е во прашање за да го пополниме тој вакуумски простор до распишување на целокупната постапка. Еден и пол месец е сосема доволен период за да се покријат потребите на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија кои примаат инсулин нема да останат ниту еден ден без потребните количини инсулин, порача државниот секретар во Министерството за здравство.

На новинарско прашање дека граѓаните во изминатиот период се жалеа на количините и на квалитетот на инсулинот, тој појасни дека веќе во собраниска процедура се измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства во кои се предвидени дополнителни критериуми за заострување на сето она што значи квалитет во обезбедување на паралелниот увоз на лекови. Овде е вклучен и инсулинот. Изрази надеж дека до крајот на овој месец законот ќе биде поддржан во Собранието на Република Македонија, а по објавување во „Службен весник“ ќе стапи на сила.

– Сето она што ќе значи паралелен увоз ќе гарантира квалитет на лековите кои ќе бидат предмет на овој увоз, рече Милошев.

Скопје, 8 мај 2018 (МИА)

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...