Д-р Ранко Рајовиќ | Петте најчести грешки кои родителите ги прават до четиригодишна возраст од животот на детето

3469
Booking.com INT

Д-р Ранко Рајовиќ, доктор по интерна медицина, долгогодишен претседател на Одборот за надарени на меѓународното здружение МЕНСА и соработник на УНИЦЕФ на проектот рано поттикнување на интелектуалниот развој на децата, основачот на МЕНСА Србија и на Одделот за надарени ЦЕНТАР Никола Тесла, и еден од најголемите авторитети во овие региони, кога зборуваме за воспитување и образование, ги открива најчестите грешки кои родителите ги прават до четвртата година од животот на своето дете, а кои подоцна можат да влијаат и на целиот негов живот.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Родителите на детето мора да му дозволат да научи како се паѓа

Истражувањата покажуваат дека бројот на развојните проблеми кај децата се во пораст, многу деца имаат нарушувања на говорот, моторички се послаби, а подоцна на училиште не можат да научат и да запомнат, имаат слаба концентрација, се почесто се дијагностицира АДХД, импулсивни се, имаат низок праг на толеранција, зголемена агресивност …

Ниту една грешка родителот не ја прави намерно или злонамерно, повеќето грешки всушност се прават од добра намера и потреба да се заштити детето. Проблемите често се мешаат. Сѐ повеќе деца го губат чувството на одговорност, презаштитени се, сѐ им е дозволено, губат ориентација и го извртуваат системот на вредности. Иако проблеми има повеќе, ќе ги поделам во неколку категории, многу почетни грешки можат да се припишат на незнаење.

“Употребата на видео игри од најраното детство добиваат епидемиолошки размери. Кога играте мозокот функционира поинаку, импулсите кои се менуваат се многу брзи, а тоа не е во согласност со досегашната еволуција и природниот развој на мозокот”

Грешките во воспитувањето на децата се составен дел на родителството, но можат да бидат и корисни ако се воочат на време. Повеќето од тие грешки родителите ги прават заради претерана потреба од заштита на децата. Треба да се напомене дека заштитувањето е добро, но презаштитеноста е штетна. И токму во утврдување на границите каде престанува заштитата и почнува презаштитеноста е мудрост на родителството.

1. Фиксирање на главата на бебето

Родителите често ја држат главата на бебето, како да се работи за транспорт на пациент, главата е фиксирана, не може да се движи лево или десно ниту за еден сантиметар. Ова е грешка, особено во првите 30-60 дена од денот на раѓањето, затоа што бебето со движење на главата ги поврзува структурите во мозокот за координација на движењата на рамената, вратот и главата.

Последицата од фиксирањето на главата ќе се види подоцна во училиште, кога детето ќе има проблеми со пишувањето. Родителите често објаснуваат дека така ја држат и фиксираат главата на бебето, бидејќи тоа им го кажал педијатарот. Секако, тоа не е точно. Педијатарот дава совет, “држете ја главата”, а не “фисирајте ја главата”. Родителите секогаш ќе направат малку повеќе со цел да го “заштитат” бебето, а тоа е малку повеќе, всушност, грешка е. Можеби би било најдобро родителите да добијат совет да ја придржуваат главата.

2. Еднобојна детска соба

Постојат голем број грешки што се прават во период до 3-тата година, а една од најчестите грешки е розовата соба за девојчиња и сината боја за момчиња. Имав едно предавање кога една мајка рече: “Ух, добро е, ние купивме портокалова соба”. Се разбира, и тоа е грешка, бидејќи во првите 30 дена од раѓањето бебето гледа нејасно и распознава контрасти, па затоа е подобро собата да има контрасти во првите 30 дена. Контрастите се важни за развојот на мозокот, потребно е да се едуцираат родителите, со цел да се избегнат непотребните грешки.

3. Презаштитување на детето

Детето во првите години учи постојано. Формалното образование и учење, какво што го знаеме доаѓа подоцна, но до тогаш детето го совладало најтешкиот материјал – и сето тоа се одвива преку игра и спонтано. Ретко кое дете со шест години ќе ја стави раката во чаша топол чај или невнимателно ќе трча по мраз.

Тоа ќе биде многу повнимателно во такви ситуации, не затоа што неговите родители 100 пати нешто му повториле, туку затоа што тие претходно многу пати паѓале – на прав пат, на рид, на скали, преку вода, на земја, трева, плочки. До тогаш, иако за тоа не е свесно, многу добро научило како, и преку кои површини се поминува, која брзина е потребна, наклон при одење, начин на одење. Дури и ако почне да паѓа, вешто ќе се дочека.

Така барем треба да биде, но знам дека бројот на невообичаени повреди при паѓање на децата се во пораст. Дете кое на возраст од седум години ќе падне и ќе скрши заби, а при тоа нема да ги изгребе дланките не научило да паѓа. Ова секако не е негова вина, но проблемот е што на возраст од седум години е доцна да се учат тие основни нешта.

4. Прекумерна употреба на нови технологии

Употребата на видео игрите од најраното детство добива епидемиолошка состојба. Кога играат мозокот функционира поинаку, импулсите кои се менуваат се многу брзи, и тоа не е во согласност со досегашната еволуција и природниот развој на мозокот. Како да сме го свртеле грбот кон природата и децата плаќаат висока цена за тоа, затоа што сме составен дел на природата и нашиот развој зависи од средината во која што растеме.

Децата сѐ почесто одат во виртуелниот свет и таму поминуваат еден или два часа секој ден. На тој начин се намалува времето за трчање, скокање, односно, времето за обичната детска игра. Детето е врзано за компјутер и видео игрите, бидејќи тоа станува извор на стимулација, таму доживуваат среќа, исчекување, тага, радост, добро расположение и се обидуваат повеќе време да бидат во тој свет.

5. Недостаток на движење

Проблемот кој е тесно поврзан со прекумерното користење на новите технологии е недостатокот на движење. Неопходно е да се најде рамнотежа и да се воспостават правила. Секој родител мора да ги постави границите за кои смета дека се најдобри за неговото дете.

Ние сме често сведоци дека децата тоа не го почитуваат. За колку ли часови или минути пред екранот се работело, купените играчки или расфрланите нешта, родителите треба да запомнат дека е најважна доследноста. Доколку се воспостави договор, тогаш детето треба да го почитува, а родителот не смее да попушти, затоа што ако го стори тоа, тој влегува во маѓепсаниот круг.

Во магепсаниот круг може да се случи и контрадикторноста на родителите – ако примерот кој родителот му го покажува на детето не е во согласност со зборовите и правилата кои му ги наметнува. Ако родителот му го ограничува времето на детето поминато пред екранот, а тој секој слободен момент поминува пред него, која порака му испраќа на детето? И родителите се жртви на модерната технологија, исто како и нивните деца.

Запаѓаме во општата хипноза на модерната технологија која го менува начинот на функционирање на нашиот мозок – вниманието се фокусира на некои настани на екранот, а за други работи, како и да не постои или е многу тешко да се насочи и одржи, а импулсивноста како да станува масовна појава.

Ако не сакате да имате многу работа околу детето, оставете го неколку часови со уредите на најновата технологија и речиси нема ниту да го забележите. За жал, многу родители во моменти на замор, растревоженост и загриженост овозможуваат, па дури и го поддржуваат таквото однесување на децата. Сето тоа е донекаде и во ред, сѐ додека има ограничено време да го користи компјутерот или додека однесувањето не премине во навика.

На краток рок, употребата на современите технологии може да го олесни родителството. Но, колку повеќе дозволуваме модерната технологија да нѝ го олеснува родителството, толку е поголема веројатноста дека истите тие модерни технологии на крајот ќе нѝ донесат многу тешкотии – пред сѐ на нашите деца, а на тој начин и нам.

Досада – важен проблем за кој малку се зборува

Секое време има свои предизвици и ако знаеме како да се справиме со нив, предизвиците ќе се претвораат во водичи, а не во камења од кои ќе се спрепнуваме. Една стара поговорка вели дека грешките создаваат искуство, а искуството е почеток на мудроста. Се разбира, секогаш е подобро да се има еден вид едукација за родителство, мајката и таткото на време да дознаат што ги чека и како да се постават во одредени проблеми. На тој начин ќе знаат како да реагираат и да ги спречат последиците навремено, наместо да учат од своите грешки.

“Грешките во воспитувањето на децата се составен дел од родителството, но можат да бидат и корисни ако тие се воочат на време. Повеќето такви грешки родителите ги прават поради огромната потреба детето да го заштитат”

Важно е да се разбере дека опкружувањето многу се променило, бројот на настаните во еден ден се зголемил во споредба со периодот пред 20, 30, 40 години, а опкружувањето влијае врз развојот на мозокот, особено во првите 5 години. Така, родителството станува сѐ посериозно и потешко. Било и порано, но денес ќе биде потешко да се поправат пропустите на родителите.

Многу други работи можат да влијаат на развојот на детето, на пример недостаток на јод во исхраната. Исто така, штетни се и некои работи кои влегуваат во областа на психологијата, па и не би сакал да зборувам за тоа, како на пример: попустливо воспитување, кога на детето му е дозволено да прави она што тоа сака, кога му се даваат прекумерно подароци и кога родителите купуваат сѐ што детето ќе посака.

Но, постои еден важен проблем за кој малку се зборува, а тоа е здодевноста. Перцепцијата на времето кај возрасните и децата значително е различна. За разлика од возрасното лице, детето туку што се запознава со светот, па секое искуство за него е ново и полно со информации кои треба да се обработат. Во таа смисла, еден детски ден многу повеќе “вреди”.

Метаболизмот на мозокот е побрз кај детето отколку кај возрасните, и останува висок до започнување на пубертетот. Детето со неверојатно голема брзина учи, менталните модели на светот мора постојано да се прилагодуваат, па менталната енергија се влошува речиси исклучиво во сегашниот момент. Најважната задача на детето е да се запознае себе си и светот околу него. За таа важна задача, мораме да му дадеме доволно време и простор во кој преку активно истражување и внимание самостојно се насочува да стане подготвен за светот во кој живее.

Најважен совет за родителите

Поради сето наведено, мислам дека едукацијата на родителите е важна работа и мојот совет за идните родителите е да се информираат за ова одговорно “занимање” и замките кои ги чекаат, и подобро да го поминат најубавиот пат кој ги очекува, а тоа е родителството.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...