Д-р Рајовиќ | Од децата правиме биолошки инвалиди, бидејќи ги штитиме

10054

Д-р Ранко Рајовиќ вели дека родителите од раѓање прават грешки поради кои има повеќе деца со развојни нарушувања, а најмногу за тоа ја обвинува презаштитеноста на децата.

Еден од најпознатите почитувани експерти за прашањето на образованието на децата е д-р Ранко Рајовиќ, основач на NTC програмата.

NTC, според него, најлесно се опишува како примена на медицината во педагогијата. Тоа е систем на учење насочен кон развојот на когнитивните способности кај децата. Рајовиќ е на мислење дека со развојот се почнува уште од утробата, а најголемите грешки родителите ги прават уште во првите неколку месеци од животот.

– Од децата правиме биолошки инвалиди. Ако треба да изберам само една – најголема грешка е дефинитивно претераната заштита. Ние не им дозволуваме да ги развијат своите биолошки потенцијали, па така нѝ се случува, во училиштето да не можат да пишуваат, да седат, да скокнат назад … Децата имаат повеќе оштетувања во развојот, а за тоа се најодговорни родителите – вели д-р Рајовиќ..

Развој на мозокот
Познато е дека мозокот на бебето се развива веќе во текот на бременоста, па битно е мајката да внимава што јаде. Кога детето е родено, вели д-р Рајовиќ, започнува интензивно поврзување на региите од мозокот, па важно е родителите да се едуцираат.

– Првата грешка е боење на детската соба во сина или розова. За развојот на мозокот важен е контрастот, а бебето кое не гледа ништо друго освен контраст има околу себе пастелна еднолична боја. Овде ги оштетивме за првото движење – движење на очите.
Тогаш кога го носат бебето, родителите панично ја фиксираат главата. Им велам, луѓе, главата треба да се придржува, а не да се онеспособи како да носите пациент – вели д-р Рајовиќ и укажува дека овие први движења се важни за да не се развијат пореметувања на концентрацијата и многу други..

Примитивни рефлекси
Тие се, продолжува, потребни за да може мозокот да развие некои важни регии. Примитивните рефлекси, како што се кревање на рамениците и вртење на главата, точно му служат на развојот на мозокот и не треба да се спречат. Истото е, напоменува, и со вртењето, ползењето, одењето, качувањето …

– Секоја од овие активности има своја функција. Кога не им давате да се обидат сами, тие паѓаат и стануваат, добиваме деца кои на возраст од седум години паѓаат како штици на главата. Па нема да одат по работ на балконот. На тревата или песокот мора да научат сами. Функцијата на проодувањето е да паднат 500-тина пати и да научат да испружат раце.

Од друга страна, секој таков мал момент кој му го одземете значи дека еден мал дел од мозокот не се поврзал, а кога такви грешки има 20, тогаш сметајте … Добиваме деца со пречки во развојот. И тоа не е болест, за тоа не постои лек. Тоа се развојни нарушувања кои се формирале од рана возраст, а лесно можат да се избегнат – предупреди д-р Рајовиќ..

Не им ја миксирајте храната
Друга работа што ја издвојува е тоа што треба да се избегне миксирање на храната. Кога детето започнува да добива заби, веднаш треба да се воведе цврста храна, во почеток малку, а потоа постепено да се зголемуваат парчињата и количината.

– Физиологијата на мозокот е таква што милијарди импулси се испраќаат кога јадеме и ја допираме храната, џвакаме … Сето ова е важно за развојот на интелигенцијата. Кога детето и со две години јаде миксирана храна, не го развил ниту јазикот, ниту вилицата, но не може да се очекува ниту развојот на говорот да тече нормално – објасни д-р Ранко Рајовиќ.

loading...