Еве зошто бакнежите нѝ се многу важни!

3065
Booking.com INT

Бакнежот им помага на забите. Бакнувањето согорева 2-3 калории по минута. Мажот кој секое утро ја бакнува својата жена живее пет години подолго …

Bitcoin Exchange CEX.IO

Но, знаете ли зошто воопшто се бакнуваме?

Што мислите, што е тоа што во нашиот мозок создава неодолива желба да го допреме со своите усни партнерот?

Постојат неколку теории, кои на крајот даваат јасен одговор!

Пренос на храна

Некои психолози сметаат дека денешното бакнување доаѓа од пренесувањето на храна од една во друга уста, како што тоа го прават птиците со нивните бебиња. Овој начин на хранење на вашето бебе му обезбедува дополнително железо, протеини, јагленохидрати, цинк … и уште еден куп хранливи материи кои ги нема секогаш во мајчиното млеко. Покрај тоа, овој вид на хранење покажува висок степен на доверба и интимност.

Птиците не се единствените животни кои на овој начин ги хранат бебињата. Многу примати го прават истото, а не толку одамна, ова било честа појава и кај луѓето. Бидејќи не постоеле секогаш маркети со подготвена мека кашичка за бебиња, мајките морале прво да ја соџвакаат храната, а потоа да му ја дадат на своето дете.

Тестирање на партнерот

Вашата плунка, покрај хранливите материи, содржи информации за вас, како што е нпр. вашето ниво на здравје. Поради тоа, некои научници сметаат дека чинот на бакнување е всушност чин на тестирање на потенцијалниот партнер.

Бакнувањето нѝ овозможува да пронајдеме информации за партнерот кои инаку свесниот ум никогаш не може да ги открие. На дел од оваа размена на информации влијаат феромони, хемиски сигнали кои ги користат животните за да испратат пораки.

Ние знаеме дека животните ги користат феромоните да ги предупредат другите животни дека се подготвени за парење, дека во близина се наоѓа извор на храна или опасност, а научниците претпоставуваат дека феромоните може да имаат слична улога и кај луѓето.

Иако, во минатото се мислело дека органите за примање и испраќање пораки преку хемикалии кај луѓето се прилично неактивни, неодамнешното истражување сепак покажало дека тоа е далеку од вистината. Ние комуницираме преку хемија.

Првата студија која покажува дека хемиските сигнали играат улога во привлечноста, ја спроведе Клауд Ведекинд пред повеќе од една деценија. Во студијата, жените мирисале на маички кои ги носеле мажите и врз основа на мирисот го бирале партнерот. Речиси сите учеснички го избрале оној партнер чија низа на гени на имунолошкиот систем бил различен од нивниот. Научно е докажано дека бебето ќе биде поздраво ако овие гени се различни, бидејќи тие се преклопуваат и го прават имуниот систем посилен.

Мажите и жените поинаку го доживуваат бакнежот

Related image

Во 2007-та година, истражувачите од Универзитетот во Албанија спровеле студија со 1041 студент и забележале значајни разлики во начинот на кој мажите и жените гледаат на бакнувањето. Вообичаено е во фаза на додворување жените да му придаваат поголемо значење на бакнувањето, и дека мнозинството никогаш нема да се согласи на сексуални односи без прво да не го “вкуси партнерот”. Мажите, од друга страна, ќе имаат сексуален однос без да се бакнуваат, а, исто така, ќе имаат однос и со некој кој не се бакнува најдобро.

Истражувачите откриле дека мажите се најчесто тие кои први го започнуваат францускиот бакнеж, а се претпоставува дека го прават тоа затоа што плунката содржи тестостерон, главен машки хормон за сексуален однос. Истражувачите, исто така, мислат дека мажите преку информаци кои плунката ги испраќа можат да го дознаат нивото на естроген кај жените, женскиот сексуален хормон.

Еден бакнеж ослободува цел еден коктел од хемикалии

Бакнувањето не е само прашање на избор на совршен партнер, туку во нас буди и низа позитивни емоции и чувства. Тоа се случува затоа што бакнувањето ослободува серија хемикалии кои нѝ помагаат да го намалиме стресот, а да ја зголемиме социјалната приврзаност. Истражувачите од колеџот Лафајет внимателно го следеле како нивото на окситоцинот, кој е поврзан со приврзаноста на двојката, и кортизолот, хормонот на стресот, се менуваат по бакнежот.

Студијата заклучува дека паровите во долгите врски значително го намалувале нивото на стрес со бакнежот (колку е подолга врската, толку повеќе се намалува), дека и само држењето за раце кај овие парови ја менувало хемиската структура во мозокот и произведувало “позитивни хемикалии”.

Гледајќи ги количините на окситоцинот, истражувачите откриле дека овој хормон се зголемува само кај мажите. Научниците претпоставуваат дека резултатите не покажуваат значајно зголемување на окситоцинот кај жените – едноставно затоа што на жените им треба повеќе бакнежи тие да се врзат за мажот, и дека стерилната средина во лабораторијата, едноставно, не е погодна за предизвикување чувство на приврзаност.

Хелен Фишер, еволутивен биолог, поставува три врзани одговори на прашањето

Зошто се бакнуваме?

Таа верува дека постојат три главни причини за бакнувањето: Сексуален инстинкт контролиран од тестостеронот; потоа романтичната љубов, со која доминира допаминот и други хормони заради кои се чувствуваме добро; и приврзаност (врзување), кое вклучува хемикалии како окситоцинот. Плунката, која се разменува за време на бакнежот, содржи коктел од сите овие хемикалии.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...