Еве зошто сокот од компир го сметаат за лек

1837

Со векови се смета дека сокот од компир лечи болести на белите дробови и дишните органи, дури и тешки заболувања, како емфизема, а го поврзуваат и со намалување на нивото на шеќерот во крвта, па дури и со лечење на рак.

Еве зошто сокот од компир е природно средство за:

  • Лечење на гастритис – може да ви помогне ако земате лажичка сок од компир, разреден со малку вода, половина час пред доручек, ручек и вечера.

Терапија за чир на желудник и дванаесетпалачно црево – половина децилитар сок од компир на гладно пред секој оброк.

  • Будистичкиот свештеник Томицава, автор на книгата “Пат до здрав живот, не треба да се плашите од ракот”, тврди дека секојдневното пиење на два децилитри сок од компир може многу да придонесе во лекувањето на рак и други тешки болести. Ефективноста на компирот во сузбивање на карциноми постепено се докажува и со научни истражувања.
loading...

Во последно време компирот се повеќе добива на важност како ефикасно средство во борбата против болести на црниот дроб и бубрезите, но и кај срцевите заболувања, висок притисок, дијабетес, лумбаго, ревматски заболувања… Сокот од компир воедно го зајакнува имунитетот, го чисти организмот од отрови, па дури ја негува и проблематичната кожа.

Подготовка: Сокот од компир се подготвува многу едноставно. Само треба еден компир со средна големина убаво да се измие, да се исчисти од чворчиња и зелени делови на кората. Потоа се ренда, се става во газа и се цеди. Вкусот може да се подобри со додавање на сок од свежо цеден морков, јаболко, лимон, лажичка мед.

Напомена: Треба да се избегнува компир кој има зелена или на некои места зелена кора, како и компир кој почнал да рти. Во ваков случај, треба само да се отстранат овие делови.

loading...