Еве зошто се вика „ ќерка на тато“

635

Иако родителите веруваат да не прават разлика меѓу децата, експертите велат дека тоа сепак не е сосема точно.

„Ќерка на тато“ е израз, кој најдобро ја истакнува посебната врска, која татковците ја остваруваат со своите девојчиња. И колку и да сакаат родителите да веруваат дека исто се однесуваат кон ќерките и синовите, докажано е дека девојчињата и момчињата различно се воспитуваат.

Ова е потврдено и со новото истражување, кое е спроведено во САД, кое докажа дека татковците навистина се однесуваат поинаку кон ќерките и тоа на начин кој има долгорочно влијание.

loading...

Во истражувањето учестувале 52 мажи, татковци на деца од предшколска возраст. Психолозите проучувале како мозокот на мажот реагира на деца и дали татковците свесно се однесуваат поинаку или тоа е „посилно од нив“.

Во текот на вториот дел од експериментот, научниците ја снимиле работата на мозокот на татковците додека им прикажувале фотографии на децата со среќни, неутрални или тажни изрази на лицата. Татковците на девојчињата посилно реагирале на фотографиите на своите деца со среќен израз на лицата, а во деловите на мозокот задолжени за емоции забележана е зголемена активност. Но, татковците на синовите поинтензивно реагирале на фотографиите со неутрален израз на лицето.

– Ако детето плаче и го вика таткото, татковците на девојчињата побрзо ќе реагираат, вели др. Џенифер Маскаро, шеф на истражувачкиот тим.

Татковците на момчињата со своите синови помалку разговараат, ретко им пејат, на пример дури и додека се сосема мали и генерално послабо обрнуваат внимание на нивните емотивни потреби. Таквиот модел на однесување, кој се базира на воздржаност во искажувањето на чувствата може да влијае врз емоционалниот развој на момчињата.

loading...