Еве зошто сите полуделе по оваа јапонска диета | Јадете банани и експресно отстранете ги килограмите!

4652

Бананите содржат три видови на шеќер: фруктоза, сахароза и гликоза, како и влакна, а тоа е комбинација која прави да се чувствувате сити подолго време.

Истражувањата покажале дека само две банани дневно се доволни за 90 минутен тренинг. Ако сте и вие љубител на банани, оваа диета, најверојатно, ќе ви годи, а најдоброто нешто е тоа што навистина нема да се чувствувате гладни.

За недела дена, можете да симнете и до пет килограми, но пред да почнете да ја практикувате задолжително консултирајте се со вашиот лекар и нутриционист.

ПОЈАДОК
Изедете само една банана. Ако сте гладни, по 15 минути слободно изедете уште една. Не треба да се јаде друго овошје за појадок, но ако мислите дека бананата нема да биде доволна, може да изедете и две или три лажици варен ориз.

Јадете само зрели банани.

РУЧЕК И ВЕЧЕРА
Вечерајте најдоцна до осум часот навечер, иако би било идеално да јадете до 18 часот. Што се однесува до намирниците за ручек и вечера не сте ограничени со изборот и можете да го јадете она што нормално би го јаделе. Сепак, обидете се порциите да се помали и да избегнувате десерти.

Јапонките се познати по витка линија, но тие се обидуваат по ручекот никогаш да не се сосема сити. Исто така, не би било лошо да се избегнат јагленохидрати, бел леб, бел ориз, шеќер и белото брашно

САМО ВОДА
За време на диетата единствена течност која ви е дозволена е само вода, минерална вода или обична. Обидете се водата која ја консумирате да биде на собна температура.

Кога ја пиете, пијте ја во мали голтки, не се “налевајте”. Во текот на денот можете да пиете кафе, чај или свежо исцеден сок.
За посебни прилики ви е дозволена една чаша пиво или вино.

УЖИНКА
Околу три часот попладне можете да изедете две коцки темно чоколадо или нискокалорично колаче. Крофни, сладолед, чипс, грисини и слични грицки не се дозволени.

Се разбира, би било подобро за ручек да изедете овошје, но ако имате желба за слатки, не двоумете се.

Japanese diet-001

РАНО ВО КРЕВЕТ
Трудете се да одите во кревет најдоцна до полноќ.

ВЕЖБАЈТЕ АКО САКАТЕ
Во текот на оваа диета не е потребно да вежбате, но ако сакате, само напред. Но, трудете се колку што е можно повеќе да пешачите.

ВОДЕТЕ ДНЕВНИК
Водете дневник за тоа како сe чувствувате и што јадете во текот на денот. Исто така, на интернет можете да најдете голем број на форуми и да размените искуства со други кои биле на овој режим на исхрана.

loading...