Еве зошто треба да јадeтe повеќе омега-3 масни киселини

2739
Booking.com INT

На организмот му се неопходни масни киселини, бидејќи организмот не може сам да ги произведе.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Кога зборуваме за здравата храна која треба да биде дел од секојдневната исхрана, на прво место секогаш е овошјето и зеленчукот кои содржат важни микронутриенти, витамини и минерали, како и храна која содржи високо-квалитетни протеини, без кои телото не може да функционира. Освен горе наведените есенцијални хранливи материи, на организмот му се потребни и важните масни киселини, кои, исто така, не можат да ги произведат, а тоа се омега 3 мастите.

Омега-3 и здравје
Омега-3 масните киселини имаат многу позитивни ефекти врз организмот: ги регулираат хормоналните реакции, ја подобруваат работата на клетките, важни се за здравјето на кожата, косата и ноктите, а можеби е најважно нивното влијание врз здравјето и функцијата на кардиоваскуларниот систем. Омега 3 масните киселини го намалуваат производството на ЛДЛ, лошата форма на холестерол, а го зголемуваат нивото на HDL добриот холестерол. Исхрана во која поголемиот внес на масти отпаѓа токму на омега-3 масни киселини, го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и до 70%.

Омега-3 и губење на тежината
Омега-3 масните киселини многу добро го поттикнуваат губењето на тежината со зголемување на работата на ензимите за согорување на масните клетки и го намалуват  складирањето на калориите во масни клетки. Исто така, организмот попрво ќе ги користи омега-3 масните киселини за создавање енергија, во споредба со другите масти, кои полесно се таложат во масни наслаги. На крајот на краиштата, исхраната богата со омега-3 масни киселини, го подобрува метаболизмот на мастите, што има позитивен ефект на губење на тежината и одржување на саканата тежина.

Повеќето луѓе консумираат премногу малку храна која содржи омега-3 масни киселини и со тоа не ги задоволуваат потребите на организмот. Освен рибата, добар извор на омега-3 масни киселини може да бидат јаткастите плодови и лененото масло. Меѓутоа, ако не сте во можност преку храната да внесете омега-3 масти, постојат различни додатоци во форма на масло или капсули кои би требало да се консумираат со храна, со цел да се зголеми внесувањето на омега-3 масни киселини, кои се од исклучително значење за здравјето на телото, но и за телесната тежина.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...