Еве, и ова има | Ајвар со “бомбастично” име

707

Една интернет страница објави невообичаена реклама во која со гордост е преставен исклучително лут сос, поточно ајвар направен од најлутите пиперки во светот со име “Цепогузац”!

Според произведувачот, станува збор за уникатен рецепт во кој домашните “лутеници” се комбинирани со сосеви од Далечниот Исток, а ефектот на лутината на “Цепогузац” е толку јак што немате потреба да се опуштате при дегустација, а камоли да го подметнете некому без да го предупредите што јаде!

Колкава е неговата лутина најдобро покажува фактот дека една мала лажица може да залути лонец полн со грав, гулаш или било кое друго јадење.

loading...