Еве како да пополните годишна даночна пријава за УЈП

8981
Booking.com INT

Од 1-ви јануари 2018-та година започнува поднесувањето на годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, а рокот за поднесување завршува на 15-ти март.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Предвидена е парична казна од 200 евра за даночните обврзници кои ќе задоцнат или воопшто нема да поднесат пријава.

Данокот е потребно да го пријавите во УЈП, односно во нејзнити подрачни единици кои се распространети низ општините.

Што треба да знаете при пополнување на даночната пријава?

Најпрво, во УЈП ќе ви дадат образец што се нарекува годишна даночна пријава (ПДД-ГДП). Во него ќе треба да ги внесете вашите лични податоци на горниот дел од документот. Времетраењето на самата даночна пријава во редовна постапка е од 1 јануари до 31 декември, а се внесуваат приходите што ви се исплатени заклучно со тие денови. Во делот наречен остварени приходи се наведени 20 параграфим од кои секој носи посебно име.

Преземете го упатството каде практично е објаснето пополнувањето и начинот на поднесување на годишната даночна пријава – образец ПДД-ГДП.

За приходите кои сте ги оствариле во 2017 година и за кои имате обврска да ги пријавите во УЈП, поднесете ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА (образец ПДД-ГДП) до даночните канцеларии или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk
– Преземете го образецот ПДД-ГДП од веб страницата на УЈП
– Како да ја пополните Годишната даночна пријава? (преземи видео)
– Зошто, Кој, Кога, Каде и Како треба да ги пријави приходите во УЈП? (преземи брошура).

Доколку имате дополнителни прашања контактирајте не преку Инфо центарот на бесплатната телефонска линија 0800 33 000.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...