Еве како да ја дочекаме Новата година и прославиме Божик | Исто како нашите баби и дедовци

205

На прагот од Декември сме и еуфоријата за зимската идила ја мирисаме. Да го пречекаме месецот и најубавата Новогодишна атмосфера со традициите на претходната генерација.

Важно е дека за време на празниците имаме можност да се фокусираме повеќе на семејството, верата и заедницата, а не само на нашите кредитни картички и шопинг центри.

Користете само готовина (кеш)

Нашите баби и дедовци не се задолжувале за време на празниците; тие имале буџет и се држеле до него. Трошењето готовина празниците ги прави пореални и магични.
Исто така, ви дава момент да престанете да размислувате за она што купувате, а трошоците се пофокусирани. Ако купувате онлајн, дадете си ветување дека нема да го надминете вашиот буџет, без оглед на искушенијата кои примамливите новогодишни излози ви ги наметнуваат.

Испечете колачи и торти со вкусот на Новата година и Божик по рецептот на баба или вујна

Вашите напори не мора да бидат совршени, но со овој едноставен чин оддадете им почит на вашите најблиски, особено на оние кои сега ги нема. Ако немате рецепт во семејството кој се пренесувал од генерација на генерација, пронајдете на интернет омилени божиќни десерти и божиќни колачиња барем да изгледаат близу до оние што се сеќавате како дете.

Поштенски празнични картички

Нобогодишна разгледница СОС Детско село Скопје

Дури и во ерата на социјалните медиуми и инстантните ажурирања, вистинските добри поштенски картички се добар начин да се поврзете со семејството и пријателите. Некои сè уште го задржале овој посебен обичај. Еднаш годишно тие испраќаат и добиваат добри желби по пошта, а тоа со ништо друго не се споредува. Фото-картичките, разгледниците или новогодишните писма се во ред, само погрижете се да бидат позитивни и фактички, без фалби.

Украсете со она што имате

Погледнете околу дворот и куќата и пронајдете природни елементи за да го облечете вашиот дом во празнично руво. Природните предмети се поубави во секој случај, и се свежи и бесплатни. Соберете борови шишарки и направете венец. Исечете зеленило и ставете го во едноставни бели врчви. Нанижете боровинки и пуканки за новогодишното дрво. Облечете ги гранките со сјајна боја и направете долга разнобојна низа од колаж.

Поминете време заедно

Тоа е она на што ќе се сеќаваме идните години од сега, а не она што сте дале или примиле како подарок. Печете колачиња со вашите деца. Планирајте ја ноќта на семејната игра. Посетете служби и понудете ја вашата помош и љубов, за да им помогнете и на беспомошните, и тие да ја осетат магијата на тие празнични ноќи. Возете наоколу за да ги видите божиќните светла. Направете орнаменти. Организирајте партија на друштвени игри со пријателите. Поентата е да комуницирате и да бидете присутни во моментот со вашето семејство и пријателите, а не со вашиот паметен телефон или таблет.

Облечете се фино и отмено со вашето семејство 

Погледнете ги старите фотографии на нашите родители, баби и дедовци, гледате дека сите се убаво облечени на големи празници. Секако, сакате да ви биде удобно во пижамите и за време на божиќното утро, но бидејќи зборуваме за најубавиот празник на годината и магијата, убаво е кога се држиме до правилото кое оддамна го поставиле нашите баби и дедовци, фина и отмена облека за да се обележи вредноста на магичниот ден. Чувството е посебно и поинакво.

Напиши благодарни белешки и пораки

Твојата баба би ти кажала дека убавите манири сѐ уште се важни. Седнете и напишете вистинска благодарност, забележете го поминатото време и сеќавањата, без разлика на тоа со каков мотив и кому му се заблагодарувате. Рачно напишаниот збор има најголема вредност за најмалото срце!

Споделете спомени

Споделувањето приказни, традиции и вредности го дефинира вашето семејство и одличен е подарок кој еден на друг ќе го подарите, а кој не нѐ чини ни паричка.

Уживајте во магијата на неповторливото во прегратките на вашите најмили за цена на љубовта, споделете насмевки, среќа, радост. Пречекајте ја оваа година Новогодишната бајка по рецептот на нашите баби и дедовци, по рецептот на среќата и љубовта!

за Кукурику.Мк подготви и уреди Бојана Кољушкова

Image result for Dress yourself nice and canceled with your family on New Year's Eve

loading...