Еве колку е безбеден снегот да се јаде

331
Booking.com INT

Едно истражување на романски Универзитет покажа дека е безбедно да се јаде снег најмногу половина ден. По два дена снегот повеќе не е употреблив.

Bitcoin Exchange CEX.IO

За целта на истражувањето, научниците собрале снег од парк и од кружниот тек во град во централна Романија во јануари и февруари и го ставиле во херметички затворени и стерилни садови. Потоа се обиделе во нив да одгледуваат бактерии.

Истражувањето е спроведено на температура од  -1,1 до -17,4 степени во градот Мјеркуреа Кјуч, еден од најстудените во Романија.

Еден ден подоцна, во јануари имало пет бактерии на милиметар, додека во февруари имало четири пати повеќе.

– Многу свеж снег има премалку бактерии. По два дена ги има повеќе од десетици, рече професорот Иштван Мат, еден од авторите на студијата, додавајќи дека бројот на миркоорганизмите се зголемува поради загаден воздух.

Мат идејата ја добил кога ги видел своите деца како јадат снег.

– Не им препорачувам на луѓето тоа да го прават, само сакам да кажам дека од мали количества нема да се разболат, рече тој.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...