Еве колку среќа ќе имате во љубовта по месецот на вашето раѓање во 2018 година

2020
Booking.com INT

Љубовта е најубавото, најспектакуларното, најдлабокото чувство. Кога навистина сакаме некого, тоа го правиме безусловно, без ограничувања или некакви услови. Тоа е она чувство кога некому безгранично му веруваме и кога сè би направиле еден за друг.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Тоа е она чувство кога ѝ помагаме на другата половина да ги постигне своите цели и да ги оствари соништата, и со неа и ние сме на секој чекор на тој пат, во добро и во зло.

Ако сèуште не сте нашле таква личност, тогаш 2018 година треба да е таа година која ја чекате. Еве што ве очекува на основ на месецот во кој сте родени.

1. Јануари

Родените во јануари се достојни и работливи луѓе. Иако луѓето ви се восхитуваат заради тоа, во 2018 година ќе се заљубат во личност која ќе ги потсети дека животот е многу повеќе отколку само работа. Тие ќе ѝ се восхитуваат на вашата истрајност и трудољубивост и ќе ви бидат поддршка во сето тоа, но, исто така, ќе се погрижат да пронајдете време за себе и за одмор.

2. Февруари

Родените во февруари неочекувано ќе се вљубат во некој што веќе го знаат. Сепак, тоа ќе го разберат дури во 2018 година. Љубовта ќе ви биде возвратена, а таа личност ќе ги споделува вашите интереси и навистина ќе се чувствувате опуштено со неа. Ќе ве засака заради вашата енергија и ќе ве охрабри да бидете подобри и поспонтани.

3. Март

Луѓето родени во март ќе се заљубат во некого кој целосно ќе удоволува на нивните желби, во некој кој ќе ги гали и ќе ги разгали, без да очекува нешто за возврат. Меѓутоа, ако сте родени во март, во ова лице ќе се заљубите силно и многу брзо.

4. Април

Секогаш сте многу внимателни со луѓето кои отворено ги искажуваат своите чувства кон вас. Вие сте некој кој не се плаши да го изрази своето мислење отворено и цврсто стои на својот став. Во 2018 година, ќе се заљубите во некого со кого не треба да бидете внимателни. Таа, отвореноста ќе ја смета за ваша највисока доблест.

5. Мај

Мајските деца ја сакаат авантурата, сакаат да патуваат и да бидат на илјада страни во исто време. Ова веројатно и бил проблем за вашите екс-партнери, но во 2018 година ќе најдете некој кој ќе биде ваше сидро, некој кој ќе ве држи врзани, но истовремено и слободни.

6. Јуни

Луѓето родени во јуни често се сметаат за кловнови. Тие имаат изразено чувство за хумор, но, исто така, се многу несигурни и ранливи во исто време. Во 2018 година, ќе најдете некој кој нема да го види само вашиот надворешен изглед, туку и тоа какви сте одвнатре. Со таа личност, ќе бидете доволно опуштени и отворени во смисла на сè она зошто се чувствувате несигурно или ранливо.

7. Јули

Вие сте многу дружељубиви и имате многу пријатели. Сепак, во љубовта, не ви оди толку лесно. Во 2018 година, одеднаш ќе почувствувате искра кон некој сосема неочекуван. Ќе ви биде доволно и самото нејзиното присуство да се чувствувате инспиративно и среќно.

8. Август

Како роден лидер, вие сте полни со доверба и секогаш добивате сè што ќе посакате. Сепак, оваа година ќе се сретнете со некој кој ќе ви одговори секогаш кога мисли дека не сте во право, но истовремено ќе го почитува вашето мислење. Ќе има личност која ќе ве води ако не сте сигурни во себе и ќе стори сé за вас.

9. Септември

Во минатото често сте биле повредувани, и заради тоа се затворате со себе. Вие, исто така, знаете да раскинете врска, ако сметате дека вашите чувства стануваат подлабоки. Сепак, во 2018 година, ќе се заљубите во некого, кој ќе го сметате вреден за секоја болка што би можеле да ја доживеете. Заради таа личност ќе престанете да се плашите од своите најдлабоки чувства.

10. Октомври

Вие сте меѓу оние луѓе кои изразено ја ценат својата индивидуалност. Понекогаш сте исплашени од тоа да пронајдете партнер, бидејќи мислите дека ќе изгубите од себе, ако навистина некого засакате. Сепак, следната година ќе најдете лице со кое можете да ги споделите вашите интереси и ставови и кои ќе ве поттикнат да бидете свои. Ќе функционирате одлично како двојка, но во исто време ќе можете да бидете и свој човек во исто време.

11. Ноември

Вие сте интелигентни, креативни и енергични. Затоа е тешко да пронајдете некој кој нема да се чувствува ранлив покрај вас. Во 2018 година, ќе најдете некој кој ќе може да држи чекор со вас и кој нема да ве изневери.

12. Декември

Сакате да држите сè под контрола, и понекогаш тоа може да биде малку напорно за другите луѓе. Во новата година ќе најдете некој кој нема да ве осудува затоа што сте практични и рационални. Наместо тоа, ќе ви помогне сè да држите под контрола, но, и добро да се забавувате истовремено. Ќе ве поттикне да бидете поспонтани и ќе умее да ве натера да се смеете кога тоа ви е најпотребно.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...