Еве што значи кога ќе ви “заигра окото”

4839
Booking.com INT

Сигурно некогаш сте доживеале без причина, да ви “заигра окото.” Дознајте што значи тоа.

Bitcoin Exchange CEX.IO

На секој барем еднаш во животот му се случило да му “заигра окото”, а тој да не ја знае точната причина. Тоа е многу честа појава, која обично го зафаќа едното око.

Конкретните причини сѐ уште не се познати, но се верува дека на тоа влијае функционирањето на одредени нервни зони.

Треперењето на окото во медицината е познато како “миокимија”, односно, несакани контракции на очните капаци, или грч на очните мускули. Некои секојдневни појави можат да влијаат на треперењето на окото, како што се стрес, замор, недостаток на сон, прекумерен внес на кофеин, долготрајно седење пред компјутер, нервно нарушување, но, исто така, недостатокот на магнезиумот во организмот, кој се губи преку потење за време на напорното вежбање.

Со треперење на окото, како и кога ве чеша дланката, се врзуваат различни митови и суеверија. Во различни култури, тие митови се толкуваат различно. Така што, во нашето поднебје многумина го сметаат треперењето на левото око за лоша среќа, додека Кинезте, пак, веруваат дека тоа е знак на добра среќа.

Еве како се толкува треперењето на око во различни делови на светот

Кина

Треперење на десното око се смета за лош знак, додека на левото око знак на добра среќа. Сепак, кај жените ситуацијата е обратна. Кога ќе затрепери долниот лев очен капак се верува дека лицето ќе плаче или некој ќе ја озборува.

Делови на Африка

Во некои делови на Африка, веруваат дека кога горниот очен капак трепери, тоа е знак на средба со некој кој не го очекуваат, а треперењето на долниот очен капак значи дека наскоро ќе плачат.

Индија

Во Индија се толкува обратно од Кина. Десното око се добри вести, а левото лоша среќа.

Хаваи

Треперење на левото око кај Хавајците е знак на доаѓање на странец, а постојаното треперење значи пропаст во семејството.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...