Еве што седата коса зборува за вашето здравје

949

Кога ќе ги откриете првите седи влакна во вашата коса, прво што ви паѓа на ум е дека сте остареле.

Вистина е дека седите влакна се поврзани со стареењето, но тоа е стареење на меланоцитот во фоликулите на вашата коса. Ова се истите клетки кои го произведуваат пигментот во вашата кожа, објаснува дерматологот Melissa Piliang.

Овој процес не е поврзан со кератиноцитите кои се одговорни за густината на косата, така што, ако станувате седи, не значи дека ќе почнете да ја губите косата.

Сепак, косата може да ви стане груба и поцврста.

Истражувањата покажале дека седата коса може да биде поврзана со срцевите проблеми.

Една студија објавена на една Конференцијата на кардиолози во Индија покажала дека мажите помлади од 40 години, кои предвреме побелеле во косата имаат пет пати поголема веројатност да имаат коронарна срцева болест од мажите кои ја задржале бојата на својата коса, што значи дека им се заканува срцев удар.

Лекарите велат дека со сигурност не може да се тврди дека седите луѓето ќе имаат проблеми со срцето, но сепак ги предупредуваат оние кои побелеле пред 35-та година да се јават кај својот матичен лекар и да ја проверат здравствената состојба, пишува Вечерњи лист.

loading...