Еве што се случува кога ќе се напиете Виагра – од минута во минута …

1657
Booking.com INT

Идеално е да земете сина пилула еден час пред сексуалниот однос, но таа во телото се задржува со часови, така што, реално, можете да имате повеќе односи во еден ден.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Дури половина од мажите помеѓу 40 и 70 години искусиле еректилна дисфункција, а огромното мнозинство побарале спас во малата сина пилула – Виагра.

Сите се свесни за нејзиното дејство, но ретко кој знае како таа навистина функционира и што се случува по земањето Виагра во организмот.

Компанијата Superdrug извршила истражување за да ги објасни хемиските реакции во телото и нивното влијание врз сексуалниот живот на мажите, пишува британскиот Mirror.

Во првите 12 минути

Телото брзо ја апсорбира Виаграта, и некои мажи кои страдаат од еректилна дисфункција ќе ги почувствуваат првите ефекти, односно ќе добијат ерекција во првите 12 минути по земањето на таблетата.

Тоа е добра вест.

Во 27-та минута

Ако мажот не доживеал ерекција во текот на првите 12 минути, тогаш тој може да ја постигне за половина час. Студијата покажала дека повеќето мажи добиле ерекција 27 минути по земањето на пилулата.

Лекарите предупредуваат дека ако и тогаш ништо не се случи, мажите треба да почекаат до еден час, бидејќи сеуште има можност за ерекција.

Во 57-та минута

Пилулата сега ја постигнува својата максимална концентрација во крвта и тоа е главната причина зошто се препорачува на мажите да ја земат еден час пред сексуалниот однос.

По 4 часа

Сега дозата на апчето во телото се намалила за 50%, но тоа не значи дека не е можно повеќе да се постигне ерекција. Познато е, но и погрешно е мислењето дека ерекцијата не може да се постигне по истекот на овој период.

По 10 часа

Во една од спроведените студии, субјектите можат лесно да постигнат ерекција дури и по 10 часа од земањето на пилулата. Дури и 12 часа подоцна, многу мажи можат да постигнат ерекција, но неговото траење се намалува, во просек на 16 минути.

По 24 часа

По 24 часа речиси сите траги од пилулата исчезнуваат од крвотокот, а со неа и секоја помош за ерекцијата.

БОНУС ВИДЕО: Природна VIAGRA

Еве како да направите природна VIAGRA (гарант работи 100%)

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...