Евросонг 2017 | Македонија остана без финале | Видео

1302

Претставничката на Македонија на овогодинешниот избор за Песна на Евровизија Јана Бурческа настапуваше синоќа во Киев на втората полуфинална вечер, но не успеа да избори настап и на финалната вечер, која ќе се одржи утревечер.

Синоќа финале изборија претставниците на Бугарија, Белорусија, Хрватска, Унгарија, Данска, Израел, Романија, Норвешка, Холандија и Австрија.

На првата полуфинална вечер, финале обезбедија претставниците на Молдавија, Азербејџан, Грција, Шведска, Португалија, Полска, Ерменија, Австралија, Кипар и Белгија.

Инаку, македонската претставничка, во промотивното видео најави дека е бремена, а за време на паузата нејзиното момче ја побара за жена, што првпат се случува на некоја Евровизија.

loading...