Едната ќерка ја дои, а другата ја храни од шише | Фотографија која ги обедини мајките ширум светот (ФОТО)

4792

Иако сите аргументи, како и науката, се на страна на доењето, тоа не е секогаш опција за сите мајки. Мама Maya објави фотографија што стана вирусна за кратко време, а еве и зошто …

Мајчиното млеко е најдобрата храна што една жена може да осигура за своето бебе, но доењето не е понекогаш едноставно е можно, а мајките не би требало да се грижат премногу за тоа. Најважно е дека бебето е среќно, здраво и со полно стомаче – без разлика дали пие мајчино или адаптирано млеко.

Maya Vorderstrasse останала бремена по втор пат само два месеци откако ја донела својата прва ќерка на свет, и неодамна објави фотографија на нејзиниот Instagram профил, која брзо почнала да се шири по интернетот.

Имено, таа се фотографирала држејќи ги ќерките во раце, а она што е навистина интересно на фотографијата е тоа што Maya со една рака дои, додека истовремено со другата ја храни поголемата ќерка со прилагодено млеко.

“Сега, јас ќе ви раскажам нешто за моето искуство. Отсекогаш сум сонувала дека ќе ги дојам своите деца сè додека можам. Толку многу сум видела и слушнала за доењето, за тоа како создава неразделен однос помеѓу мајката и бебето.

Мојата прва ќерка ја доев првите шест месеци и уживав во тоа. Тоа беа нашите заеднички моменти и никој не можеше тоа да ми го скрати.

Повторно забременив кога имаше само два месеци и до шестиот месец целосно го изгубив млекото. Чувствував као срцето ми се кине и како ме јадеше вината.

Прејдовме на шишенцето, а јас имав чувствуво дека со исчезнувањето на моето млеко ќе исчезне и таа прекрасна врска што ја имав додека ја доев. И тогаш сфатив – ништо не се сменило!

Тоа сè уште беше само наше време. Таа и понатаму продолжи да ми ја чепка косата смееќи се гледајќи право во мене. Таа беше среќна. Најадена. Сакана.

Сега ја дојам помалата ќерка, но сигурна сум, дека што и да се случува, ќе биде добро. Понекогаш мислам дека моето срце ќе експлодира од среќа кога ги гледам како растат, како се развиваат и смеат додека ги хранам.

Не знам какво е вашето искуство со доењето, но можам да ви кажам дека, без оглед на вашиот избор или околност, никогаш не треба да чувствувате вина. Никогаш. Само сакајте ги и бидете најдобри што можете.

Вие сте брилијантни, без оглед на сè. Без оглед на тоа како го храните вашето бебе, мајчинството е само по себе доволно тешко и треба да се поддржуваме една со друга”.

loading...