Една година јадел само компири, резултатите се изненадувачки

540

И по една година на таква исхрана, Австралиец тврди дека компирот и понатаму го обожава.

Кога Австралиецот Ендрју Флиндерс Тејлор рече дека ќе се префрли на исхрана, која вклучува само компири, и на тоа ќе се држи една цела година, многумина помислиле дека е сосема луд, вклучувајќи ги и членовите на неговото семејство.

Симнал 50 килограми

loading...

Но, таткото на две деца од Мелбурн може да посведочи дека неговиот метод успеал – тој ја намалил својата тежина за неверојатни 50 килограми.

Повеќето лекари, нутриционисти и експерти за храна не би препорачале држење на таков рестриктивен план на исхрана – исхраната требала да се темели на избалансиран сооднос на протеини, јаглени хидрати, зеленчук, овошје, млечни производи и масти.

Па, како тогаш компир-диетата успеала?

Важно е да се нагласи дека Тејлор го прифатил тој предизвик дури откако изучил некои научни ставови, и откако го завршил својот план со помош на лекарите.

– Добивам повеќе од 600 проценти од дневните потреби за железо и повеќе од 400 проценти од препорачаната доза на витамин Ц, заедно со еден куп на растителни влакна, сето она за што ми велеле дека ќе ми недостасува – вели Тејлор.

Единственото нешто за кое се грижеше беше доволен внес на калциум, бидејќи иако малку го има во компирот, тоа не е доволно. За да биде сигурен дека ќе го внесе доволно, правел пире од компири со млеко од соја дополнително збогатено со тој минерал, пренесува Independent.

Експертите за неговиот план на исхрана кажале дека не е “многу опасен”, иако не е најздравата исхрана во светот.

Нутриционистот Rhiannon Lambert компирите ги нарекува “нутритивен грал”, објаснувајќи дека се полни со влакна, заситни и имаат ниска густина на енергија.

– Што се однесува до цената и крвниот притисок, ништо не може да го замени стариот добар компир – вели професорката по клинички нутриционизам на Универзитетот во Бостон, Joan Salge Blake.

И по една година тој сè уште го сака компирот

Компирите ги содржат сите есенцијални амино киселини кои се неопходни за градење на протеини, поправка на клетки и справување со болести, но јадење само бел компир сепак ќе предизвика недостаток на витамини. Затоа Тејлор јадел и батати, кои му биле еден од петте оброци на ден, а богати со витамин А, Е и Ц.

Во првиот месец на таа исхрана не вежбал, но подоцна го усвоил режимот на возење точак еден час и половина на ден.

И покрај фактот дека морал да ги носи своите компири кога одел на гости и однапред да ги повикува рестораните со своите желби, кога одел на вечера, Тејлор вели дека сè уште е љубител на компири.

– Моето здравје само станува подобро. Имав висок холестерол, но сега е низок, мојот крвен притисок паѓа, како и нивото на шеќер. Секој пат кога одам да вадам крв, наодите се се подобри – вели Тејлор.

Погледнете го видеото:

loading...