Една од најважните работи кои треба да ги научите што е можно поскоро | Како да кажете НЕ!

735
Dr John Demartini

Не, ви благодарам, туку, не благодарам!

Лекар и специјалист John Demartini објаснил дека денес многу често и премногу лесно велиме “да”, а многу поголема моќ лежи во фактот кога на нешто или некој всушност кажеме “не”.

Дали често се наоѓате во ситуации во кои неволно велите “да” на пријатели или колеги, а во исто време или немате воопшто волја, време или желба за тоа. Но, додека се согласувате да “одработите” такво нешто за некој друг, запрашајте се колку оставате време за себе и за вашите потреби.

Според лекарот, специјалистот и реномираниот автор John Demartini, да се ставите на прво место и не е лоша работа, како што некои мислат. Исто така, не би требало да ви е срам или да ви е непријатно да кажете некому: благодарам, но не благодарам.

Со ова би се согласила и Samantha Jones, лик од познатата серија “Секс и градот”, на која многумина често се повикуваат кога кажала “I love you, but I love me more/Те сакам, но повеќе се сакам себе”.

Но, што точно Demartini вели на оваа тема…

Во што лежи моќта кога ќе кажете “не”?

Секое човечко суштество има своја листа на приоритети и вредности според кои тој живее. При тоа, мислиме на градацијата на работи за кои смета дека се многу важни и помалку важни. Несомнено, за кои вредности и да се работи, важно е тие да бидат значајни и вредни за вас. А кога некому ќе кажете “не”, треба да се почувствувате послободни и да се фокусирате на вашите горенаведени високо рангирани животни приоритети.

Зошто ни е толку тешко да кажеме “не”?

Една од најчестите причини зошто нѝ е тешко да кажеме “не” е затоа што се грижиме што ќе мисли таа личност и како ќе се чувствува. Најлошото во сето тоа е дека тоа за што сме загрижени е мислењето на другите за нас, а не само да се грижиме за она што е навистина важно за нас.

Зошто понекогаш е штетно да се каже “да”?

Ако дозволите околината да ги става своите високи вредности врз вас, тогаш ќе ги намалите своте. Ако на некој кажете “да”, а тој е некако половичен, оставате немир во себе и при тоа го храните нивното достигнување и ги минимизирате своите, па ги дискредитирате можеби некои сопствени цели. Ако живееме во сенка на другите, наместо на грбот на оние на власт, како што се вели, нема да живееме чесно и целосно.

Како тогаш да се каже “не”?

Имено, да се каже “не” во суштина е добра проценка на околностите на ситуацијата и развојот на отворената комуникација. Накратко, потенцијалната добитна ситуација. Добар начин да се пријде на негативен одговор е да се биде апсолутно искрен. Благодарам, но не благодарам е совршен одговор во такви ситуации. Дали треба да одиме низ светот и да велиме на сè “не”? Се разбира, не. Да се каже на некому “не”, во основа е проценка на приоритетите и вредностите во одреден момент.

loading...