Една фотографија ги прослави пред шест години, а вака изгледаат денес

29473

Едно семејство од Охајо во две фотографии покажа колку работите можат да се променат за одреден временски период …

Розоно и Миа Мекги се обидуваа да имаат бебе со години. Кога конечно успеале, немало крај на нивната среќа.

Сепак, изненадувањето допрва следело, кога дознале дека ќе добијат шест новороденчиња!

Фотографијата која настанала кратко време по породувањето, на кои пресреќните родители позираат со своите шест бебиња, го прослави семејството Мекги.

На сликата, која настанала во 2010. година се гледа како малите бебиња се распоредени преку и покрај Розоно кој лежи, додека Миа среќно го гледа своето големо семејство.

Неодамна, Миа и Розоно одлучиле повторно да се сликаат, но така да новата слика наликува колку што е можно повеќе на онаа од пред шест години.

Нивните преслатки деца пораснале толку многу што не можеле да лежат преку тато како на старата фотографија. Наместо тоа, Розоно помладиот, Елајџа, Оливија, Медисон, Џосија и Исак се распоредиле во парови, облечени во црни маици и тексас панталони.

Фотографот Брајан Килиан, кој ја направил и првата фотографија, објаснил дека во двата случаи ја користеле истата техника. Тие ги фотографирале родителите, па две по две деца, а потоа сите ги поврзале со помош на Photoshop.

Брајан наведе дека веднаш знаел дека фотографијата што ја направил ќе биде посебна, како што докажа нејзината голема популарност.

Прекрасно, нели?

(huffingtonpost.com)

loading...