Едноставен рецепт за рамен стомак | Клучот е во следново …

6203

Имате пробано сѐ, но сепак не сте успеале да одржите рамен стомак, бидејќи масните наслаги на него како да се натрупуваат.

Сега тоа ќе стане далечно минато, затоа што треба да ги следите овие упатства и ќе успеете во она што отсекогаш сте го посакувале.

За исклесан стомак треба, веднаш штом ќе станете наутро утринското кафе да го замените со вода и лимон. Водата треба да биде млака, а најдобро би било да испиете половина литар, ако можете. Така ќе го забрзате метаболизмот.

loading...

Јадете што помалку јагленохидрати, бидејќи токму таквата храна се лепи за стомакот, па обидете се да не јадете сендвичи, туку овошје, а белиот ориз заменете го со басмати ориз, кој е исклучително вкусен и дефинитивно поздрава опција.

ramen-stomak4

Шеќерите отстранете ги од навиките за јадење, бидејќи тие маснотии само ќе се наталожат, а тешко ќе ги потрошите. Исто така, избегнувајте зашеќерени пијалоци и алкохол, затоа што тие кријат во себе многу калории. Особено оние кои се со потемни бои.

А портокалите, лимоните, лиметите, јаболката и мандарините, нека бидат посластица наместо бонбони, колачи и калорични бисквити и нездрави грицки.

ramen-stomak3

Ќе ве спаси и чистата вода, никако газирана, туку само онаа обична. Пијте ја колку што можете повеќе, бидејќи ќе ви го прочисти организмот од акумулираните токсини и ќе го забрза варењето на храната. Секогаш е здрав избор, и ја сака телото. Ќе се чувствувате подобро и помалку уморни и, секако, порелаксирано, колку повеќе ќе ја консумирате.

ramen-stomak2

Исто така, ѓумбирот и лукот во исхраната вклучете ги како зачини, бидејќи не само што се исклучително здрави, туку ѓумбирот е познат по тоа што елиминира надуеност.

ramen-stomak5

Зеленчукот нека ви ја замени масната храна и онаа зачинета. Зелен лиснат зеленчук како блитва, кељ, брокула, зелка, три пати неделно да биде составен дел од исхраната.

loading...