Едноставни зборови кои можат да ја зачуваат врската или бракот

353

Американскиот психолог, Вилијам Џејмс смета дека е еден од најчестите причини за прекини на врските или браковите е тоа што едниот или двајцата партнери не се чувствуваат доволно почитувани.

Поради тоа, според него, двата волшебни збора кои можат да спасат повеќе врски не се „те сакам“, туку – „ти благодарам“.

Проблемот, како што наведува Џејмс, не е во тоа дека луѓето никогаш не велат благодарам, бидејќи е нормално да се заблагодариш на некого кога ќе направи нешто убаво.

– Проблемот е во тоа што често не гледаме дека некој направил нешто убаво, бидејќи тоа го сметаме за вообичаено. Благадарам не смее да се кажува само кога другото лице очекува благодарност, потребно е да се каже и во ситуации кога партнерот тоа не го очекува, посочува Џејмс.

Тој истакнува дека реченицата „Но, се подразбира дека сум благодарен/на“ е една од најопасните за врската. Ако се подразбира дека сте благодарни, убаво е тоа и да се нагласи, затоа што партнерот не знае што вие подразбирата и може да помисли дека не сте го забележиле неговиот труд.

– Ти благодарам се мали зборови кои можат да ја спасат врската, порачува Џејмс.

loading...