ЕКСПЕРТИТЕ | Бебињата не треба да спијат на ништо друго освен на рамна подлога | Видео

768
Booking.com INT

Популарните производи кои треба да му помогнат на вашето бебе удобно да спие, го зголемуваат ризикот од синдромот на ненадејна смрт, исто така, познат како “смртта во колепка” (SIDS), предупредиле од британската фондација The Lullaby.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Производи како што се разни полнети подлоги, гнезда, меки огради за креветчето, разни душеци и разни други предмети кои имаат поводник, не ги исполнуваат барањата за безбедност и претставуваат голема опасност за деца до 12 месеци.

Причината за тоа е опасноста од прегревање на детето и можноста за задушување ако детето случајно се сврти и со главата зарони во меката перница.

Сепак, како овие производи често ги продаваат добро познати и сигурни компании, на родителите понекогаш им е тешко да видат кој предмет е опасен, а кој не е.

Иако голем број на студии велат дека е опасно да се стави бебе да спие на било што друго освен на цврста, рамна површина, 41 проценти од родителите одговориле дека ги купиле или планираат да купат нешто од наведените додатоци за креветчето.

Затоа Фондацијата The Lullaby издала инструкции кои треба да ги информираат родителите и да им овозможат да донесат најдобро решение при купување на опрема со која нема да ја загрозат безбедноста на своето дете.

“Ние од Фондацијата одамна загрижено гледаме како потенцијално опасните производи стануваат сѐ попопуларни”, вели Francine Bates.

“Пред родителите кои треба да изберат од широкиот спектар на производи, стои не толку лесна задача, а многу погрешно претпоставуваат дека некој производ е безбеден само поради тоа што е често присутен во продавниците или го произведува некоја позната компанија.”

Професорката Viv Bennett од Институтот за јавно здравство на Англија, додава: “Од клучно значење е родителите да имаат вистинска информација при изборот на опремата за своето дете”.

За да им помогнеме на родителите да донесат правилна одлука, фондацијата The Lullaby издаде серија совети што да прават и што да избегнуваат кога спиењето на малите бебиња е во прашање.

Што да направите

Бебето задолжително ставете го да спие на грб
За време на бременоста и по раѓањето на детето во широк лак заобиколувајте го чадот од тутунот
Доете го вашето бебе ако можете
Првите шест месеци, бебето нека спие заедно со вас во собата
За детето користете здрав, рамен душек во добра состојба

Што да се избегнува

Не спијте со своето бебето на каучот или фотелјата
Не спијте со бебето во кревет ако сте пушеле или пиеле алкохол, ако сте земале дрога или одредени лекови, а потоа, ако сте многу уморни или ако бебето е родено предвреме, или со ниска родилна тежина
Не го покривајте лицето на вашето бебе и не користете преголема постелнина
Не дозволувајте бебето да се прегрее
На креветот каде што спие бебето не ставајте перници, многу мека постелнина или меки играчки

БОНУС ВИДЕО

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...