Експертите велат | Веднаш престанете да пиете минерална (кисела) вода!

5106

Иако толку често се рекламира, минералната вода не е нешто што лекарите ја сметаат здрава опција.

Газираната минерална вода е мала посластица за здравите, а за оние кои се помалку здрави, се чини како добар обид да го подобрат своето здравје. Универзално се пие низ целиот свет и а својата примамливост ја должи на зачинетите меурчиња, како и наводната помош во варењето на храната, чувството на тежина и на здравите минерали со кои изобилува.

Но, не е проблем во минералите, туку во јаглерод диоксидот, кој ја прави газирана, а содржи слаба јаглеродна киселина, објаснува Адам Торн, истакнат британски стоматолог.

– Повеќето луѓе не се свесни за фактот дека газираната минерална екстремно кисела, има pH со вредност од 3. Меурчињата во минералната без проблеми ја еродира глеѓта на забите, а колку почесто се пие, опасноста е поголема. Со текот на времето, предизвикува лесно крвавење, воспаленија, загуба на бела боја и болка – вели Торн.

Особено се опасни минералните газирани води со различни вкусови, кај кои не постои само киселина, туку и шеќери.

– Никој не вели дека понекогаш не можете да испиете една чаша, но секојдневно конзумирање е навистина опасно за орална хигиена – вели Торн за Индепендент.

loading...