ЕКСПЕРТИТЕ | Имаме нова клима: Доаѓа поголем пекол! Видео

7907
Продолжените сушни услови (црвено) во Источен Медитеран се најекстремни за последните 900 години. Условите прикажани тука се за 2015 година.

Временските екстреми најмногу ќе го погодат Медитеранот, Далмација е најранлива!

Екстремни настани

Експертите предупредуваат дека високите температури на воздухот можат да предизвикаат здравствени проблеми кај луѓето, особено кај ранливите групи како што се децата, хронично болните, стари лица и лица кои работат на отворено. Треба да се внимава и на домашните животни, домашните миленици – топлинскиот стрес ќе влијае на сиот растителен и животински свет.

Така, во почетокот на август, продолжува трендот од јули кој според прелиминарните анализи во многу региони би можел да биде еден од најтоплите откако постојано се мери температурата на воздухот. Во исто време, се остваруваат и долгорочните прогнози. Да потсетиме, метеоролозите уште во мај најавија едно од најтоплите лета во историјата, во цела јужна Европа, со голем број топлотни бранови во јули и август.

loading...

Топлотните бранови и суши се очигледни показатели за климатските промени. Ако просечната температура на Земјата се зголемува, тогаш вообичаено топлите периоди стануваат поизразени и подолги.Ова се докажува со едноставна математика. Или, со други зборови, ако затресете полна чаша, таа попрво ќе се одлее отколку полупразната.

Освен зголемувањето на просечната температура на воздухот, и периодите на екстремните настани се менуваат и тоа во корист на т.н. блокирачки атмосферски ситуации, во кои се запираат планетарните бранови кои го обликуваат времето во умерените географски ширини. Па, ако се најдете на “погрешната” страна на блокадата, добивате или екстремни топлотни бранови во лето или бранови на студ во зима. Ова веќе сега се случува, така велат мерењата, а во иднина ќе бидат уште поизразени. Особено во “путиновско-трамповскиот свет на фосилни горива”, за кој само можеме да се надеваме дека нема да се случи.

Топли периоди

Топлотните бранови кои се поинтензивни, подолготрајни и почести се во согласност со процесот на глобалното затоплување, кое делумно е поврзано со природните феномени, а делумно и со антропогените влијанија. Кога станува збор за иднината, може да се очекува дека топлотните бранови ќе бидат поинтензивни, подолготрајни и уште почести, и уште повеќе што емисиите на стакленичките гасови ќе бидат помалку контролирани. Со текот на времето, би требало студени периоди да има сè помалку, а топли периоди сè повеќе.

21 век ќе има пораст на глобалната температура помеѓу 1,5 и 4,5 C степени. Симулациите покажуваат дека температурата ќе се зголеми, а врнежите ќе се намалат. Кога станува збор за врнежите, тогаш се очекува драматично намалување во летниот, а во зимските преиоди би можело да има повеќе врнежи. Пред неколку месеци во престижниот весник Science објавена е студија на климатологот Joel Guiot и Wolfgang Cramer, која покажува дека Медитеранот ќе биде особено чувствителен на климатските промени.

Над просекот

Регионалните климатски модели за Медитеранот ја дефинираат оваа област како жариште за климатските промени. Поточно, во областа на поголемиот дел од Медитеранот се предвидува зголемување на температурата повисока од глобалниот просек, со истовремено намалување на врнежите.

Јадранското Море, има делумна “среќа”, затоа што е вовлечено длабоко кон северниот дел па тие ефекти нешто помалку ќе се чувствуваат, но повеќе во јужниот дел на Јадранското Море. Уште една “среќа” е дека крајбрежната област е богата со води кога се гледа на целата година, па ќе може да се направи редистрибуција на водата од зимскиот кон летниот период.

Заштита од екстремна топлина

– Ако е можно, температурата во станот треба да биде пониска од 32 Целзиусови степени во текот на денот и под 24 степени во текот на ноќта
– Во текот на ноќта треба да бидат отворени сите прозорци и подигнатни ролетни за куќата што е можно подобро се разлади
– Дење прозорците треба да бидат затворени, а ролетните спуштени
– Ако немате клима-уред, можат да помогнат и влажни пешкири, а два или три часа во текот на денот поминете го времето во некоја јавна климатизирана просторија
– Избегнувајте излегување од куќата во најтоплиот дел од денот 10-17 часот
– Треба да се туширате во млака вода
– Треба да носите лесна и широка облека
– Да пиете повеќе течности и ако не сте жедни, но и да избегнувате алкохол и премногу кофеин
– Да јадете повеќе помали оброци
– Избегнувајте напорна физичка работа
– Оние кои земаат лекови треба да се консултираат со лекар и да проверат каков ефект имаат лековите за регулирање на температурата на телото и балансот на течностите кога премногу се потиме заради топлината
– Лековите треба да се чуваат на температура под 25 степени Целзиусови
– Да се побара медицинска помош ако сте хронично болни
– Медицинска помош да се побара поради вртоглавица, слабост и немоќ, или поради силна главоболка.

loading...