Експертите педијатри потврдија | Одморот е еднакво важен како и учењето

1421

Експертите од американската Академија за педијатрија открија на кој начин одморот од учење влијае врз развојот на детето.

Професорите и педагозите често пати време одредено за одмор по часовите го користат како дополнителни минути за предавање или како казна за недоличното однесување на ученикот за време на часот. Сепак, како што покажуваат последните истражувања, на тој начин негативно се влијае врз нормалниот развој на децата.

Она што треба континуирано да се потенцира е фактот дека училишниот одмор како во основното, така и во средното училиште е еден од клучните работи во развојот на детето.

loading...

По спроведеното истражување американската Академија за педијатрија дојде до заклучок, дека малиот одмор, одморот од академските обврски е важен во емоционалното, социјалното, физичкото и академското созревање на младите лица уште од основното училиште.

Одморот кој детето го губи заради лошто однесување на часот не помага во подобрување на неговото однесување. На децата им е потребен одмор и како издувен вентил“, каде ќе можат да го избистрат умот и да се фокусираат на наредниот час.

Покрај тоа многу е важна и комуникацијата со родителите во овој случај. Задачата на родителите е да поставуваат граници и да преземаат „казнени мерки“ во домот во случај детето да не се однесува онака како што доликува на правилата во училиштата.

Децата во модерното време брзо растат, а како што е докажано, времето за игра и другарување е важна ставка во нивното растење и созревање, но во денешно време, тоа време го имаат се помалку помалку. Затоа е важно педагозите и родителите да разберат дека одморот од учење не е привилегија за доброто на децата, тоа е еднакво важен како и математиката, пишувањето, читањето и историјата.

loading...