Емил Павлов, европски првак во карате

688

Штипјанецот Емил Павлов е првиот каратист кој на Македонија пред две години во категорија под 60 килограми и го донесе првото злато на едно Европско првенство.

Дваесетичетиригодишниот  каратист кој боите на Македонија ги брани на европските, балканските, светските превенства во интервјуто за МИА говори за неговиот најголем предзвик на спортски план.

Вие сте европски првак во карате. Сигурно ова ви е најголемиот успех. Кажете ни кои други резултати би ги издвоиле?

loading...

– Тренирам во Карате клубот– Штип веќе 17 -18 години, моите тренери се браќата Сашко и Жарко Арсовски. Повеќе години сум репрезентативец на Македонија во категоријата минус 60 килограми.Мои најголеми и најзначајни резултати се во 2014 година, каде што за првпат Македонија доби европски првак благодарени на мојот резултат на Европското првенство во Финска. Исто така и на Светското првенство во 2014 година бев петти , трипати сум балкански првак, седум пати државен првак во сениорска конкуренција, двапати имам освоено бронзени медаљи на светско универзитетско првенство. Освојувано голем број на награди и медали на меѓународни натревари.

Каратето како спортска игра ќе биде дел од  Олимпијадата во Јапонија. Дали се гледате себеси како македонски олимпиец?

– Каратето и официјално влезе во Олимписките игри во Токио, а тоа е остварување на секој сон на каратист. Имеме шанса од наредната Олимпијада да си го оствариме својот спортски сон, да настапиме на оваа Олимпијада. Макотрпно ќе се подготвувам во наредните три години и се надевам дека Македонија ќе има претставник на Олимписките игри, со обезбедена норма и борба за медал.

Дали ќе бидат тешки подготовките за Олимпијадата, бидејќи за првпат каратистите од цел свет ќе бидат дел од овој најголем спортски настан во светот?

– Подготовките за овие игри ќе бидат многу тешки, бидејќи формата на овие игри треба да биде на максимално високо ниво. Се најавуваат и подобри услови за нас како каратисти од страна на Македонскиот олимписко комитет, Агенцијата за млади и спорт , Карате федерацијата. За учество на овие игри потребно е да се има еден голем тим, кој треба да стои зад тебе, како што е физотерапевт, нутриционист, кондиционен тренер. Досега овие услови сме ги немале, а сме постигневале големи резултати. Сега е добро што е најавено дека зад секој спортист ќе има ваков тим, па се надевам дека нашите подготовки ќе бидат полесни и со една професионална работа ќе успееме да ги оствариме нашите цели, а тоа е настап на Олимписките игри во Токио.

Настапувате на безброј балкански, европски и натревари. Може ли еден спортсти да го опише со зборови чувството кога се интонира македонската химна и се вее македонското знаме?

– Секој спортист живее за тој миг, благодарени на мојот резултат во 2014 година станав европски  првак во сениорска конкуренција и сум првиот Македонец со златен медал. Досега на едно вакво првенство се немаше интонирано македонската химна. Тое чувство не може да се опише со зборови, едноставно тоа е најсреќниот момент во мојот живот, посакувам секој спортист да го доживее.

Во Штип има неколку карате клубови, а нивните членови настапуваат на голем број на натпревари и постигнуваат големи резултати. Дали на младите ќе им го препорачате каратето, како спортска дисциплина?

– На младите ќе им препорачам да тренираат било кој спорт, не мора да е карате. Овој мој спорт јас добив многу. Преку спортот можеш да се промовираш самиот себе, се запознаваш со луѓе од целиот свет и можам да им препорачам на сите оние кои не се занимаваат со спорт да почнат да тренираат.

На младиот каратист Павлов, предизвик му е во мај годинава на Европското првенство повторно на Македонија да и донесе медал. А, годинава тој треба да настапи и на Медитеранските и Балкански натревари. Во 2018 година со нетрпение го чека Светскиот натшревар во Мадрид, Шпанија, кој ќе значи и квалификации за Олимписките игри во Токио.

За МИА Викторија Димитрова-Јованова

loading...