Емоционална уцена

3358
Booking.com INT

Емоциите се суштината на животот. Емоционалната уцена е злоупотреба на емоции, бидејќи емоциите се користат со нив да се заканува. Емоциите, наместо да бидат подароци кои едни на други им ги даваме, тие стануваат закана и оружје.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Како? Лесно, ако со помош на зборови и зла намера која зад неа стои однапред на некој му најавуваме како емотивно ќе се чувствуваме ако не го добиеме она што го сакаме. Зошто најавуваме? Затоа, некој да се спречи да го направи она што има намера да направи.

Како знаеме дека така ќе се чувствуваме? Вистина – не знаеме точно. Чувствата е тешко или невозможно да се контролираат. Ако сакаме да контролираме нешто, тоа е само нашето однесување.

Полесно е да се контролира вербалното отколку невербалното однесување. Затоа кога понекогаш со зборовите ќе кажеме една работа, а со изразите на лицето и телото друга. Ние сме самите со себе во конфликт и нашето сопствено тело нѐ издава и ја кажува вистината.

Во случај на емоционална уцена, веќе сме на вербален план со себе во конфликт. Да покажеме некои примери на (вербална) емотивна уцена во некои важни односи, па ќе нѝ биде јасна неговата суштинска противречност.

Кај емоционалната уцена уценувачите се користат со индиректни префлувања, обвинувања, лекции и совети кои никој не ги барал, со скриена критика, одн. со суптилни инсинуации, прикриени команди, изигрување на жртва, со отворени диктаторски команди. Сите овие форми на уцена го откриваат изнудвачот како неискрено и манипулативно лице кое своите интереси ги става пред интересите на оној кој го уценува.

Што е тоа емоционална уцена во партнерските односи?

Кога сакам некој – се тресам при помислата на неговото име. Кога сакам некој – јас и во сон му се насмевнувам. Кога сакам некој – секоја можност да го погледнам е задоволство. Кога сакам некој – тогаш неговите позитивни емоции и за мене се особено задоволство. Кога сакам некој – тогаш сум тажна, ако тој е тажен или ако има било каква друга негативна емоција.

А сега погледнете добро.

Те сакам, но емотивно те уценувам!

Ти зборувам:
Ако одиш денес на натпревар, да играш карти со машките или да ја посетиш својата болна баба – Јас ќе останам дома сама како куче и ќе плачам.

Бидејќи, ние сме во емоцинална врска, моите солзи ќе се, под систем на поврзани садови прелеат и кај тебе. И тогаш ќе бидеш и ти тажен. Ако не бидеш тажен тоа само значи дека ние не сме поврзани садови како што зборуваше. Ти значи мене ме лажеше. А јас ќе се лутам на тебе. А кога сум лута на тебе, тогаш не ти ја давам својата љубов и внимание туку ти ја ускратувам . Кога ќе ја ускратам својата љубов и вниманието, кога нема да ти дадам бакнеж, кога не те милувам, ниту со топол поглед, ти ќе се чувствуваш лошо. Ти си казнет, ти си тажен. Можеби се чувствуваш отфрлен, можеби се чувствуваш повреден. А јас, кога ќе видам дека си тажен или повреден – се радувам. И велам: така му и треба, кога помеѓу мене и болната баба ја избра баба му.
Како можам да го сакам кога му се светам, кога тој ќе направи нешто на што емоциите и чувството на должност го присилуваат.

Како да се чувствувам добро кога е некој покрај мене, оној за кого ми е грижа – тажен.

Емоциите навистина не можеме да ги контролираме. Ние тоа го знаеме, бидејќи тоа го чувствуваме: срцето нѝ трепери, умот се фокусира, сѐ нѐ асоцира на саканата личност, сè нè води кон оној во кој сме се вљубиле. Дали самите можеме да си кажеме – не мисли на драгата личност? Не можеме. Ние можеме тоа само да го чуваме како тајна, да не му кажуваме никому, ништо да не преземаме. Можеби по некое време ќе го прикриеме изворното чувство. А тој е само по себе позитивен.

Среќа наша, ако сме се осмелиле да ја покажеме својата позитивна искрена емоција. Ако ризикувавме. Среќата е уште поголема ако тие позитивни емоции нѝ се враќаат во огледалото на лицето кое ние го сакаме.

Однесувањето значи можеме да го контролираме, но не и емоциите.

Утешителни и добронамерни зборови кои нѐ убедуваат да ги контролираме емоциите се неефикасни. Тој не е за тебе. Пушти го. Заборави на него. Тоа не функционира. Ние можеме само да не го повикуваме , да не му испраќаме пораки од мобилен телефон и да не го натрупуваме со пораки. Но, она што го чувствуваме, не можат дури ниту нашите зборови, ниту зборовите на добронамерните луѓе во нашата средина да го променат.

Кога нѝ се случува љубовта, понекогаш како гром од ведро небо, понекогаш како ситен дожд која паѓа капка по капка на нашето лице и полека го мие, пегла, се менува, тогаш во моментот помислуваме дека знаеме што тоа нѐ мие.

Големиот Вилијам Шекспир би рекол: “Да кажам дека си како летниот ден?” (Shall I compare thee to a summer’s day??) И ние помислуваме нешто слично, па се сомневаме па сфаќаме, дека – тоа се случило. Дали знаев, сакав, планирав, контролирав? Или знаеше, сакаше …? Не, занес се случи.

Зошто драги читатели толку долго ви објаснувам? Поради овој заклучок кој следува:

Ако емоциите не можат да се контролираат – тие се слободни.

Ако сакам да одам на прошетка денес по овој прекрасен сончев ден, кој мене толку многу ме сака во тоа да ме спречува? Она што ми се допаѓа , јас ќе го сакам и ако бидам спречена во тоа. Спречувањето може да се однесува само на тоа дали јас на моите нозе ќе одам на прошетка. Тоа дека прошетката ќе ја сакам во мојата глава – тоа ниту една забрана не може да го спречи.

Па зошто тогаш некој кој ме сака, сака да ме спречи во тоа? И тоа не се обидува да ме запре, како што вообичаено се спречуваат луѓето кои ги сакаме – со барање/молба.
Значи, на луѓето кои ги сакаме ги молиме, им сугерираме, а не ги спречуваме. Или воопшто не ги спречуваме, ниту со молба, ниту со предлог. Но, им овозможуваме слободно да ги покажуваат своите емоции.

Зошто, дури и ако добро претпоставувам, а никогаш не сум сосема сигурна, би била многу тажна ако ти одиш на прошетка. Љубов моја, ти си слободен да го сакаш она што ти го сакаш: себе, пријателите, вклучувајќи ме и мене. Ако јас сум за тебе одговорност, која ја сакаш поради страв од грди сцени, тогаш тоа не е љубов. Ако треба да се откажеш од нешто под притисок затоа што со солзите и со својот гнев ќе ти го загорчам животот, за каква љубов воопшто зборуваме? Па тоа е дрвено железо!

Љубов моја, ти и мене ме засака во слободата на своите емоции. Зошто тогаш ова е чудо, тоа богатство кое го најдовме, да го расипеме и затрупаме.

За жал животот ќе нѝ донесе некои солзи и некои лутини, па ќе мора со нив да се справиме. Зошто еден на друг да му го зголемуваме товарот на негативните емоции? Ако тоа го сториме сесрдно, наскоро од нашата љубов нема да остане ништо. Кога не постои ништо, можеби ќе се сетиме на лажното оправдување дека сме се сакале силно. Не, ние не знаевме да се сакаме ако емотивно сме се уценувале.

Што е тоа емоционална уцена во други односи?

Сигурно секој знае колку е тажна мајката кога нејзиното слатко девојче или момче плачат. Кога мајката гледа дека детето плаче, таа се обидува да направи нешто. Таа со сите сили се обидува да го утеши. Го милува, бакнува, го зема во нејзиниот скут, го лулка, му потпевнува, му дава храна, го дои или брза со подготовка на нешто фино и слатко … во зависност од возраста и околностите.

Понекогаш детето плаче затоа што неговата мајка нешто му забрани. Како мајката тоа плачење ја погодува, таа се обидува да го утеши детето, давајќи му надоместок за замена, на пример, цуцлата е замена за свежа, за слатка и топла храна која мајката ја носи во себе.

Понекогаш мајката не дава замена, туку ја менува одлуката. Она што штотуку забранувала сега дозволува, бидејќи после солзите кои тешко ѝ паднаа се обидува да го утеши детето и себе си. Мајката ја менува одлуката, бидејќи така ѝ е лесно. Таа се откажува од својата улога на подучување и со новото однесување на прво место ја става заштитата на лошите емоции.

Но, од лошите емоции не можеме секогаш и по секоја цена да се заштитиме!

Ако е времето за в кревет, па мајката го испратќа детето да легне и да спие со тоа води грижа за неговото здравје и потребите, таа не треба да се откаже од своите одлуки.

Едно момче ѝ изјави на неговата мајка: Мамо, Мамо, не боли ниту шишање ниту инекцијата, само спиење боли. Користејќи се со приказната која двете ја читале навечер, сакаше да ѝ објасни на мајка му зошто тој не сака навечер да оди на спиење. Во приказната беше мало прасенце кое сешто го болеше и сѐ му пречеше. Момчето го разбра прасето и сфати дека работите всушност се поинакви.

Значи, дури и во ова нежно спротивставување, литературно образложено, во приказната која од гледна точка на мајката, всушност, би требало да биде приспивна песна, а од гледна точка на детето аргумент за спротивставување, во кое не постои емотивна уцена – не треба да има попуштање.

Иако можеби спиењето навистина боли, добро е да се оди на спиење, бидејќи спиењето е лековита потреба на организмот. Оваа мајка го знае тоа и не смее да го заборави. Ова детето не го знае, бидејќи не ги разбира последиците од одлагање на спиењето и маката на станувањето после премногу кратко спиење.

Како детето учи емотивно да ја уценува својата мајка?

Бистро дете – пред, а она малку побавно – подоцна воочува дека мајката се натажува кога тоа плаче па дознава дека со плачот може да ја смени одлуката на мајката. Не се знае зошто мајката презема такви одлуки. Неговата желба да ги промени тие одлуки се темели врз основа на задоволување на својата моментална потреба.

Каде тоа подоцна ќе го однесе, детето не знае.

Но, мајката тоа би морала да го знае! Како нејзиното дете ќе живее откако ќе научи дека може да ги избегне сите непријатности така што ќе уценува со своите емоции. Детето не ѝ кажува на мајка му што сака, туку со плачење уценува. Мајката попушта на оваа уцена. Детето сфаќа дека уцената со плачење е корисно однесување и продолжува така да се однесува.

Во една серија, која може да се види овие денови (знам дека на многумина од вас не им се допаѓаат сапунските серии, но и од нив може да се научи нешто), гледаме една несреќна девојка чии родители намерно ја размазиле. Намерно? Не можам да верувам. И таа е сега несреќна затоа што она што сега како млада размазена жена го бара од другите, не може да го добие.

Тие не одлучиле намерно да ја размазат. Можеби и нив нивните родители, намерно или случајно, ги размазиле, па тие сакаат да биде онака како тие навикнале – сѐ по нивно.

Солзите кои во нејзиното детство девојката ги ронела како лажни солзи за да добие она што не ѝ е потребно, само што таа не знаеше дека тоа не ѝ е потребно, сега ги рони како вистински солзи.

Ништо не е онака како што нејзините родители ѝ покажаа со своето претерано однесување. И никој не е со неа, како што таа сака, па дури и повеќе, ниту нејзините родители не се такви какви што беа додека таа беше нивната нова играчка. Тоа и на нив, кога пораснала, кога пораснале нејзините желби, а околностите се промениле сега е тешка, па дури и добива од родителите ќотек: плесвање со раката, задоцнет е обид да се вразуми девојката. И каде беа тие кога грмеше? Каде беа тие кога било потребно да се направи правилен образец/модел на однесувањето?

Често манипулаторите се користат со емотивна уцена за да ги постигнат своите цели. Тие на тој начин стануваат не само емоционални уценувачи туку всушност злоставувачи – емоционална уцена е форма на злоставување. Оние кои трпат емоционална уцена, или злоупотреба, стануваат жртви. Најтажната работа е дека оние кои трпат емоционална уцена, како форма на злоупотреба и самите несвесно стануваат уценувачи. Оние кои се навикнати на модел на однесување кој вклучува емоционална уцена ќе почнат да го применуваат како форма.

Со емоционалната уцена се обидува да се добијат поголеми отстапки. Кога отстапките се добиени, апетитите на оние кои ги добиваат само растат. Зошто? Затоа што, условно кажано, уценувачите имаат дупка во своето срце. И тоа бездна. Таква дупка не може да се пополни . Ако некое лице се навикне да добива од другите она што го бара, па дури и со емоционална уцена, таа своите барања обично ги зголемува. Уценуваниот е винновен, ако не послуша. Насилникот го претвора злоставуваниот во злоставувачот, така што го обвинува за ситуацијата. Сѐ би било добро само ако ти… Вака ме измачуваш и ме туркаш во болеста, во несреќа, во гробот! Ти си виновен што јас не сум среќна! Кој би се чувствувал добро со таква вина на грбот.

Па можеби и не е чудно да се обиде да се реши од таков терет пренесувајќи го на друг. Не сум виновен / виновна – виновен е некој друг. А тој другиот да не е мрзелив – туку да ја шири епидемијата на емоционална уцена понатаму и да ја префрлува вината на некој трет.

Ви се чини дека ужасно? Навистина е ужасно. Ние мора да сопреме со тоа. Опасна е оваа епидемија.

Емоционалната глад можеме да ја задоволиме на еден сигурен начин, бакнувајќи, а не со барање да нѐ сакаат.

Но, тоа е висока цел, која е тешко да се постигне, што веќе сте го знаеле и сте го слушнале од мене.

Како да не уценуваат, а сепак да се каже она што е важно?

На пример, можеби се прашувате како да се каже нешто толку важно како што е: Ако ме измамиш, јас ќе те оставам. Уценувам ли со ова? Всушност, секоја реченица, која започнува со ако, а завршува со она што ќе го направите или ќе се чувствувате лошо, па дури и самиот од очај ќе си направите нешто – би била емоционална уцена.
Сепак, не е сѐ емоционална уцена, не е изнудување ако нашите барања се дел од нашите преговори и ако тие се прифатени како дел од “договорот” кои двајца мажи потпишале. Во овој случај, тоа е ветување и договор.

Емоционална уцена е да се излезе од договорот и постојаниот нов и новиот притисок да се направи нешто за што на почетокот немаше ниту збор. Емоционална уцена е изнеберување договор со поставување на едностран анекс на веќе склучениот договор кој доаѓа неочекувано, драматично , со закана на наметнување на вина и во кои работите стојат, така што само една страна мора да попушта.

Во меѓучовечките односи постојано се договара и преговара, попушта и се извинува, греши и се корегираат грешките. Но, тоа мора да го прават и двете лица. Ако едно лице условува, а другото е само виновно ако не ги исполнува условите, тогаш тоа е емоционална уцена.

Преговорите и договорите постојано ажурираат и подразбираат реципрочни односи и право на глас за двете страни.

Некои луѓе сами, без уцени не го прават она што би им пречело на нивните пријатели. Или однапред велат: Дојдовме до точка кога моите желби и намери се такви што ги загрозуваат нашите односи. Дали тоа ти ќе го можеш или ќе треба да се разделиме и оддалечиме?

Оној кој бара од другиот да остане иако вториот мораше да се откаже од своите автентични емоции, не доброволно, туку под притисок, не е во ред , бидејќи прави емоционална уцена. Kao начин на контрола, емоционалното уценување е стар и докажан метод. Како што е физичката агресија ефективен начин на контролирата, така е и емоционалната агресија ефикасна. Но, емотивната уцена исто како и агресија има свои несакани ефекти, кои ѝ штетат и на едната и на другата страна.

Емоциите не треба да се трујат употребувајќи ги како да се материјални вредности или пари. Емоциите имаат вистинска смисла само кога тие се бесплатни и подарени. Само тогаш го исполнуваат и оној кој дава и оној кој ги прима.

Ако емоционално се уценува тоа не е љубов, туку е агресија, тоа не е водење љубов туку е силување.

Со рекламите често со сликите на гладните деца се сака гледачите да се уценат да обезбедат помош. Јас ќе ја сметав оваа уцена прифатлива доколку парите собрани на фер начин и корисно се употребува за она за што се бара.

Така во секоја, па и во оваа тема имаме различни мотиви на изнудвачите од кои некои се сериозни мотиви, а некои, ако имаат добра намера, може до одреден степен да се сметаат за подобни.

Ако некој сака да се увери штетејќи му на другиот – тоа не треба да биде дозволено или поддржано. Но, ако некој нѐ потсети на некое зло, па дури и да нѐ расплаче со цел да се намали штетата во тоа намалување да нѐ повика на помош, мислам дека можеме да ја цениме таа намера.

Напишано од Љубица Удовиќ Враниќ, проф. по психологија, психолог – психотерапевт

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...