Енергетска салата (посно)

1110

Енергетска салата (посно)

Потребно

  • 500 гр млад спанаќ
  • 2 калинки
  • 200 гр црвена леќа
  • 150 гр лебни трошки
  • 2 главици црвен кромид
  • сол, по вкус
  • маслиново масло
  • балсамиран оцет

Подготовка

  • Сварете ја леќата. За тоа време измијте го и исецкајте го тенко спанаќот.
  • Исчистете ги калинките и измешајте ги со спанаќот.
  • И кромидот исецкајте го на коцки и додадете го во салатата.
  • Исцедете ја леќата, оставете да се излади, измешајте ја со лебните трошки и додадете ја кај останатите состојки.
  • Посолете по вкус и додадете маслиново масло и балсамиран оцет.
  • Измешајте и послужете.
loading...

Совет: Наместо леќа може да користите сварена киноа. Ако ставите киноа тогаш лебните трошки нема да ви се потребни.

loading...