Енормно голем проблем | Подмолно заболување кое често не покажува симптоми

1266
Booking.com INT

Речиси половина заболени дури и не знаат дека ја имаат, а половина од оние кои знаат – не се лекуваат!

Bitcoin Exchange CEX.IO

Висок крвен притисок (хипертензија) е агресивна болест која со години не мора да покажува никакви симптоми, но заболениот го изложува на голем ризик од развој на срцеви заболувања, мозочен удар, болести на бубрезите и ненадејна срцева смрт.

За жал, речиси половина од луѓето со хипертензија не знае дека има висок крвен притисок, а половина од оние кои знаат за својот висок крвен притисок не се лекуваат, ниту ги менуваат штетните животни навики.

Вообичаено е да се каже, дека зачестеноста на хипертензијата и успехот на контролата на лекувањето на лицата со покачен крвен притисок е барометар на здравствената свест на нацијата.

Како да го подобриме тоа?

Постојат четири клучни точки зошто третманот не е поефикасен и што би можело да се подобри.

Иако во последниве години е намален бројот на кардиоваскуларните смртни случаи, тоа веројатно може да се припише на подобрата организација на секундарната и терциерната здравствена заштита, пред се` добро организираната мрежа за згрижување на акутен коронарен синдром, а не намалување на распространетоста или подобар третман на хипертензија.

Како тоа да го промениме?

1. Честа појава на дебелина, недоволна физичка активност, прекумерно внесување кујнска сол, прекумерна употреба на алкохол и пушењето се основа на нарушувањето и почеток на хипертензијата, но и метаболен синдром, дијабетес и бубрежни оштетувања.

Но, за жал, луѓето тешко ги менуваат лошите навики и многу мал успех е постигнат со претходните обиди и програми за спроведување мерки за примарна превенција. Меѓутоа, во текот на изминатата деценија беа преземени значајни чекори во напорите за намалување на прекумерната доза на кујнска сол.

Европскиот центар на извонредност за хипертензија започнал со активности кои на крајот резултирале со усвојување на Стратешки план за намалување на прекумерната доза на кујнска сол.

Почнале соработка со прехранбената индустрија, примарното пекарство, но и месна, така што внесувањето на сол ќе се намали и независно од волјата на поединецот да ги промени своите навики. Имено, повеќе од 75% од кујнската сол која ја вносуваме во организмот секој ден доаѓа од готовата и полуготова храна, особено од лебот и пекарските производи.

2. Втората причина за лошата контрола на хипертензијата е слабата упорност. Речиси една третина од хипертензивните пациенти никогаш не зема ниту еден пропишан лек, а оние кои ќе почнат со лекување, како што поминува времето, сѐ почесто пропуштаат да земат терапија. Тоа може да се објасни со самата природа на болеста, која во голема мера е без тешкотии, болка, нарушување.

Започнати се серија активности со цел да се зголеми упорноста – од разработка на едукативна апликација со потсетник за мобилни телефони до вклучување на фармацевтите кои би можеле да бидат важна алка во иднина.

3. Следниот проблем е инертноста на лекарите во постапката на лекување, одн. неподготвеноста дозата на лекот да се зголеми, заради, во најголем дел, неоправданиот страв од несакани ефекти, упорноста на пропишување иста терапија со несоодветни резултати, ретко користење на фиксни комбинации, но и неспроведување континуирана едукација на пациентите за неопходноста од редовно земање лекови и придржување кон препораките за здрав животен стил.

4. Артериската хипертензија не е лесна за лекување. Сите фактори на ризик треба да се земат предвид, како и веќе присутни оштетувања на целните органи, а потоа индивидуално да се одреди терапевтскиот пристап. Неопходна е мултидисциплинарна и тимска работа, соработка со семејни лекари, специјалисти, медицински сестри и пациенти, кои мора да бидат свесни за ризиците и својата одговорност за сопственото здравје.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...