Епидемија која несвесно ви го уништува бракот

3950

Сигурно ви е познат моментот кога се обидувате да разговарате со вашиот партнер, а тој упорно ве игнорира бидејќи зјапа во својот телефон следејќи ги новостите и известувањата на социјалните мрежи или веб портали.

Станува збор за трендот наречен “phubbing” (се чита “фабинг”), а се однесува на запоставување на соговорникот поради телефонот.

И погледнете наоколу, никој не е невин. Сите сме виновни за оваа појава – вие, вашиот партнер, па дури и вашите деца. Па повелете дознајте нешто повеќе за оваа “епидемија”.

loading...

Зошто овој тренд е штетен за врските?

Според најновите истражувања, избирањето на телефонот наместо вашиот партнер доведува до намалено задоволство од бракот и повеќе кавги. Дури и самото присуство на телефонот во текот на разговор со вашиот сопруг, жена, деца или со пријателите може направи да изгледате помалку присутни во разговорот. Зошто? Бидејќи кога нечие внимание е насочено кон нешто друго, ние се чувствуваме, нечуени, незабележани и неважни.

Зошто е честа појава?

Сигурно веќе сте забележале дека сите ние повеќе зјапаме во телефоните, отколку што разговараме со личноста до нас. Станува збор за маѓепсан круг. Кога ве игнорираат, вие сакате да се занимавате со нешто. И што правите? Го земате телефонот. Лајкувате, давате коментари на социјалните мрежи. Па така, сега сите се на нивните телефони и никој не е присутен (т.е. само физички е присутен).

Како да го спречиме овој тренд?

Бидете малку повеќе свесни како се чувствуваат останатите кога го користите телефонот пред нив – особено луѓето кои се најблиску до вас. Договорете се за време на вечерата, телефоните да бидат настрана. Воспоставувајте контакт со очите и не се замарајте со известувањата што пристигнуваат од Instagram или Facebook.

Главниот кривец кој не врза за нашите телефони?

Тоа е желбата да се чувствуваме поврзани. Па време е повторно да се поврзете со личноста што е токму пред вас.

Споделете со вашите пријатели … !!!

blog.zona.mk

loading...