Етерични масла за проблемите со косата

1701

Ако имате премногу сува или пак мрсна коса, ако косата Ви е кршлива или ако имате првут, одредени етерични масла можат да Ви помогнат во борбата против овие проблеми. 

Многу етерични масла помагаат кај повеќе проблеми, а исто така можете и да комбинирате повеќе различни масла.

За нега на сувата коса можете да користите масло од сандалово дрво, лаванда, рузмарин и иланг-иланг.

Доколку вашата коса е оштетена или кршлива треба да користите масло од камилица, сандалово дрво, лимон и жалфија.

Маслото од рузмарин помага за мрсна коса, како и масло од чајно дрво, босилек и лаванда.

Против првутот ефикасно е маслото од чајно дрво, сандалово дрво, бергамот, лаванда и рузмарин.

Против опаѓање на косата помагаат маслата од рузмарин, лаванда, лимон и ѓумбир.

loading...