Еј жено, крени ја главата, избриши ги солзите. Вредиш многу повеќе отколку што мислиш!

1451
Booking.com INT

Еј, жено, крени ја главата. Избриши ги солзите од убавото лице. Вредиш, многу повеќе отколку што мислиш. И не, не мисли дека си грда, немој среќо.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Ти си најубавото Божјо суштество, дали во Бога да се сомневаш? Ти си потреба, ти си создадена како поддршка, пријател, создадена си да бидеш сакана, не искористена, заменета. Ти си создадена за да бидеш најдобар пријател, а најдобрите пријатели кукло не лажат, не мамат.

Ти си жена, ти не си опција. Те чекаат, не чекаш ти. Поради тебе чуда се прават, планините се поместуваат, и силните мориња препливуваат за да ти се докаже дека си сакана.

А ти чекаш порака? Порака, која никогаш нема да дојде. Не чекај, биди онаа која ја чекаат. Знаеш зошто? Затоа што си жена, бидејќи вредиш, затоа што тоа така треба. Од кога постои светот.

Не дозволувај си ништо друго во животот да те врзе освен љубовта, ниту замоци, а ниту пари. И не моли жено, тоа не смееш. Жената никогаш не треба да моли, жената е таа која ја молат за трошка од нејзиното внимание, за нејзиниот поглед.

Ти си создадена за да некој во тебе го осознае она најдоброто, твојата сила, твојата подготвеност за живот. Ти си многу повеќе од едно тело, треба да бидеш за некого универзум, да универзум, а не ѕвезда.

Ти си создадена љубов да водиш, кон твоето тело да се пристапува како кон храм, како кон светилиште, а не како кон објект, да се љуби секој дел од твоето тело, милиметар по милиметар колку што е можно поситно и колку што е можно повеќе … Не заслужува секој да те допре, а камоли да те има, луда женска главо.

Убава си, верувај ми. Погледни ги само твоите раце.

Твоите раце, знаеш ли колку вредат? Твоите раце еден ден ќе бидат засолниште, безбедно пристаниште, рај. Твоите раце еден ден ќе ги лекуваат гребнатинките, болката и солзите, а твојата прегратка ќе заштити од целиот свет, сите непријатели и зли јазици.

Твоите раце ќе бидат единствената сигурност во времето што доаѓа. Безбедноста во светот е полна со несигурност. Да, сето тоа ќе го направиш. И можеш да го направиш сето тоа. Сè, бидејќи ќе бидеш мајка.

И исправи ја главата, можеби една приказна престанала. Тоа е едноставна приказна, обична приказна за тоа како уште еден од мажите на овој свет не го ценел она што го имал. Тебе те очекува многу повеќе. Ти треба да ја живееш својата бајка …

Извор: mikail

Hej ženo, digni glavu. Obriši suze sa lijepog lica. Vrijediš, mnogo više nego što misliš. I ne, nemoj da misliš da si…

تم نشره بواسطة ‏‎MiKail‎‏ في 5 أبريل، 2017

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...