Жената со највисокото IQ во светот открива | 9 совети со кои ќе ги отстраните мастите засекогаш! Видео

9204
Booking.com INT

Горчливото прашање, како да се намали телесната тежина, а кое не се однесува ниту на математички или логички решенија, неодамна жената со највисок коефициент на интелигенција го лансира во орбитата на публицитетот. Marilyn vos Savant, најпаметната жена на светот, понудила 9 совети.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Прашањето на денешницата кое го преокупира поубавиот пол е како да се задржи тенка линија, а во потрагата по одговори многу дами ѝ се обратиле на најпаметната жена на светот. Marilyn vos Savant, која се запишала во Гинисовата книга на рекорди како жена со највисок коефициент на интелигенција, со соработка на голем број проекти за подигање свест за знаењето и методологиите за подобрување на интелигенцијата кај децата, пред речиси три децении пишувала колумни во весникот “Parade”.

Токму во последната, која не ги допираше логичките сложувалки ниту математичките проблеми, ја лансира во орбитата на внимание. Мерилин, всушност, го понудила решението за најпроблематичното прашање на голем број дами: “Како да се задржи тенка фигура?”.

Без разлика колку многумина очекувале високо интелигентни информации Мерилин понудила искрени едноставни одговори во кои мудро ја избанализирала тематиката за која многу професионалци заработуваат милиони продавајќи диети кои гарантираат губење на тежината.

1. Заборавете ги слатките и солени грицки

Меѓу главните правила кои телото ќе го донесат во ред, Marylin наведе исфрлање на грицките од кошницата за купување. Всушност, кујнските полици треба да бидат пополнети со храна за три оброци на ден, но при тоа треба да бидат целосно изоставени слатки и солени закуски, како што се колачињата, чипсот и сите други опасни за линијата на телото.

2. Изсфрлете ги меѓуоброците

Наместо овошје и сокови за ужинка, на кои не им ја оспорува здравата улога во исхраната, Marylin советува чаша чај. А сосема контрадикторно на популарното верување за конзумирање на сиромашна вечера, таа го завршува денот уживајќи во јадењата кои и да ги посака, бидејќи смета дека храната е добра за телото кога сте гладни, а не кога тоа ви го наредува распоредот.

3. Откажете се од калорични ладни пијалоци

Соковите и млекото, Marylin ги толерира само за време на појадокот, а важно правило до кое се придржува е пиење пијалаци без мраз. Таа смета дека со мразот пијалоците стануваат воденести што го уништува нивниот вкус, па имаме потреба да се компензираме со екстра слатки пијалоци. Покрај тоа, водата од 22 степени во лето сосема е доволна да го излади телото изложено на надворешните температури од 38 степени или повеќе, сè друго е штетно.

4. Никогаш не ја “чистете” чинијата

“Да се јаде премногу храна е најлош вид на фрлање вкусна храна”, тврди најпаметната жена во светот. Не е важно колку вашиот оброк бил вкусен, најучтиво за добрата линија, би било да научите дел од храната да оставите во чинијата за следниот оброк, но не и за ужина и грицкање. Оние кои не можат да се контролираат Marylin препорачува да се готви и да се служат мали порции.

5. Уживајте во вечерата

Задоволството од уживање во вечерата со семејството и пријателите во модерен, динамичен свет полека исчезнува, но ова не треба да нѐ спречи, дури и кога јадеме сами, да уживаме во секој залак. Омилените уживање на познатата колумнистка се случуваат за време на вечерата и одовлекување на омилениот ритуал без брзање.

6. Ценете ја храната и уживајте во секој залак

Ако ја сакате храната, тогаш однесувајте се со љубов при секој залак, на начин секој од нив да го џвакате колку што можете подолго и да ја почувствувате аромата во вашата уста. На овој начин ќе се спасите од маката, како што се подувување и грчеви во цревата.

7. Останете доследни во навиките

Викендите најчесто се оаза на релаксација, при што многумина подразбираат и ослободување од сите сопирачки во исхраната за која се држат во текот на неделата. Marylin советува строго да се придржувате до распоредот, а во моментите на “легачење“, наместо по грицки посегнете по некоја активност како одење или возење велосипед.

8. Не ги потценувајте калориите

Здравата храна во оброкот не дозволува прејадување што е голема грешка во исхраната, луѓето ги потценуваат калориите. Лесниот појадок и ручекот во случајот на Marilyn брои 250 калории.

9. Јадете ја само храната што ја заслужувате

Никогаш не се лакомете на лоша храна, вашето тело го заслужува само најдоброто. Значи, заборавете на разварени тестенини, масни сендвичи или лоши бисквити, бидејќи едноставно тоа не го заслужувате.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...