“Ми ги прочита СМС пораките и сега знае дека имам млада љубовница”

2514

“Мојата сопруга е најубавата и најпрекрасната жена што ја знам. Сега живеам во валкана камп куќичка сосема сам. Знам дека не ја сакам љубовницата, но сакам да бидам вклучен и да му помагам на моето дете… “

Овој маж ја изневерува својата сопруга, но таа го фатила во прељуба. Сега бара совет од порталот The Sun, од нивната колумнистка Dear Deidre.

Ова е неговата приказна, а подолу е советот што го добил:

Имам прекрасна сопруга, но сепак не одолеав на искушението со жената која сега го чека нашето бебе. Бев среќно оженет маж пред две години. Сега имам 35 години, а жена ми 39 години. Имаме три деца на возраст од 11, 8 и 5 години.

Водам сопствена работа за одржување на имот и една жена ме замоли да направам некоја работа за неа. Кога завршив со работата, таа најде нешто ново за мене.

Еднаш доцна попладне ме повика и ми рече дека има итен проблем со водоводните цевки. Отидов таму, но кога дојдов, таа рече дека тоа е лажен аларм, но ме повика на пијалак. Таа е во доцните 20-ти години и многу сексипилна.

По неколку пијалаци ја бакнав и следеше секс. Беше неверојатно. Продолживме да се гледаме следните шест месеци, но тогаш жена ми дозна за аферата, бидејќи ги прочитала пораките на мојот мобилен телефон. Ми кажа дека ќе ми прости, но аферата мора да заврши.

Се согласив, но сепак контактирав со таа жена, продолжив со прељубата. Пред два месеци ме шокира кога ми рече дека е бремена и дека го сака тоа дете. Знаев дека ќе ѝ го скршам срцето на жена ми, па го напуштив семејниот дом. Тогаш ѝ реков дека ми треба простор за да ја разбистрам главата.

Мојата сопруга е најубавата и прекрасна жена што ја знам. Никогаш не ме разочара, а кога заминав мислеше дека ми треба простор за решавање на некои трауми од детството.

Не го познавав татко ми, а мајка ми беше алкохоличарка. Поголемиот дел од времето кога доаѓав од училиште беше пијана или лежеше без свест. Нејзиното семејство не сакаше да се расправа со неа.

Сега живеам во валкана камп куќичка сосема сам. Знам дека не ја сакам љубовницата, но сакам да бидам вклучен и финансиски да му помагам на моето дете.

Некако ѝ кажав на мојата сопруга за бебето и беше многу повредена. Знам дека сум за сето ова крив. Изгледа дека сум способен да уништам секоја шанса за среќа. Ако немав деца, повеќе немаше да бидам тука.

Совет

Твоето детство било несомнено многу штетно, но сега си возрасен и можеш да добиеш помош за да ги средиш емоциите и начинот на кој да се справуваш со нив.

Посети го својот лекар и раскажи му како се чувствуваш, што си направил … Побарај совет и побарај стручна помош преку NACO – Националнаото здружение за деца на алкохоличари.

Објасни ѝ на сопругата дека знаеш дека си погрешил, но дека правиш вистински работи правилно да се справиш со минатото. На љубовницата кажи ѝ дека аферата е завршена, но дека ќе се грижиш за своето бебе и ќе бидеш дел од неговиот живот.

loading...