Жените кои често водат љубов полесно помнат апстрактни зборови и ослободени се од стрес

1609

Ако се суди според резултатите на новата студија која ја спровел тим од Универзитетот McGill во Канада, жените кои почесто имаат сексуални односи подобро помнат.

Истражувањето за тоа како PVI или пенисно-вагиналниот однос влијае на женскиот мозок, дојде до заклучок дека жените кои почесот имаат секс подобро и полесно памтат апстрактни зборови.

%d0%b6%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%ba%d0%be%d0%b8-%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%be-%d0%b2%d0%be%d0%b4%d0%b0%d1%82-%d1%99%d1%83%d0%b1%d0%be%d0%b21Канаѓаните пронашле врска меѓу сексот и растот на нервното ткиво во хипокампусот, делуваат на мозокот одговорно за контрола на емоциите, нервниот систем и меморијата или памтењето, пишува Индепендент.

Во истражувањето учествувале жени помлади од 30 години на кои им биле прикажани фотографии од лица и апстрактни зборови, како и прашалник за зачестеноста на сексуалните односи.

Значи, резултатите покажале дека жените кои често практикуваат секс подобро помнат апстрактни зборови, но зачестеноста на сексуалните односи немало влијание на помнење на лицата.

Поврзаноста со помнењето може да биде резултат на фактот дека сексот е вид на телесни вежби и дека помага при ослободување од стрес и депресија, а со самото тоа и има позитивни ефекти на помнењето.