Жените по четириесеттите | Еве зошто животот за вас допрва почнува!

14767

Ова се жените по четириесеттата.

Ранливи, па дури понекогаш и беспомошни. Наивни, полни со самодоверба, како и во тринаесеттата.

Одамна ја заборавиле незрелата романтика на петнаесетгодишната девојка, ентузијазмот на дваесетипетггодишната и рационалноста на оние кои се над триесеттата.

Нов свет

Многу виделе. Понекогаш затворале очи. А подоцна ги отвориле и забележале нов свет, нов живот, сосема нова.

Тие повторно веруваат во подобро, затоа што ним “најлошото” веќе им се случило. Тие го добиваат најдоброто, бидејќи се способни да видат добро таму каде што другите дури и не го забележуваат.

Тие имаат изострен поглед, чувствителен слух и нежни раце. Тие се држат до она што е најдобро за нив.

Тие се убави. Тие не се само симпатични. Тие се неверојатно убави, бидејќи станале свесни дека имаат убаво, здраво и корисно тело. Тие научиле да го сакаат своето тело, така што на сите им се привлечни.

Тие ја знаат тајната, баш тие жени на возраст по четириесеттата.

Доста им е од приказните за “милиони”, “кариери” и “социјалните статуси”. Тие сега точно знаат дека она што е најважно не е она што се прикажува на телевизија, што пишува на интернет и на статусите на социјалните мрежи.

Во животот важен е самиот живот: неговиот вкус, боја, ритам, мирис, способноста за радост на секој ден.

Тие одамна ги заборавиле вообичаените фрази, тактики на заведување и подготовка на облека за излегување. Повеќе не се во фаза на “активна побарувачка”, бидејќи тие веќе го пронашле она што им било потребно сите овие години – себе, вистинската себе.

И произлезе дека се такви – вистински, многу интересни и интересни за сите. Па, речиси на сите.

Тие повторно можат гласно да плачат и да се смеат. Веќе престанале да ги носат “оклопите” на општествените норми на однесување, забрани и дозволи.

Тие не го сакаат она време кога морале да го држат грбот исправено и главата без оглед на она што се случува, времето на смеата кога им се плачело и време на тивкото потврдување со главата кога сакале да го возвратат ударот.

Престанале да се воздржуваат, излегле на слобода – живи, сигурни, беспрекорни!
Тие живеат исто како што и дишат: силно, а потоа тивко, а потоа нежно, одвај чујно, потоа забрзано и невнимателно. Тие дишат во ритамот на животот, во ритамот на дишењето.

Конечно, по четириесеттата тие успеваат да живеат во исто време со животот!

Жените на возраст од четириесет години – не се тетки! Тие носат подолги здолништа, бидејќи тоа е елегантно и женствено. Но, тие носат и кратки здолништа и фармерки и бижутерија …

Тие немаат потреба да се докажуваат – “имам дијаманти”.

Важно е дека тоа им се допаѓа.

Никаде не доцнат.

Тие сакаат да бидат убави заради себе. Тие се тренд сами за себе. Жените на возраст од четириесет манично запираат да ги бројат калориите. Поради тоа што љубовта, интересот, движењето, виталноста и инспирацијата им помагаат многу подобро од фитнес центрите и пластичните хирурзи.

Па да, тоа и е причината зошто тие станале толку убави.

Тие ја ценат секоја минута, сите стигнуваат на време, никаде не доцнат, бидејќи никаде не брзаат.

Тие сè постигнуваат. Тие се борат. Тие едноставно – живеат.

Знаат точно, дури и по 40 години од сега – ќе биде уште поинтересно!

minimagazin.info

loading...