Жените се од Венера, мажите од Марс… а од каде се децата

325

Дали некогаш сте се нашле во ситуација на вашите деца да им зборувате за работи кои тие ги слушнале со сосема спротивно значење? Мајка на три мали деца на духовит начин ја опиша комуникацијата со нејзините деца…

Ако мажите се од Марс, а жените се од Венера, тогаш децата морат да бидат од друг сончев систем. Често се прашувам дали моите деца и јас зборуваме со ист јазик. Не зборуваме, но кога имам цели 45 секунди за себе, сакам да ги искористам за работи кои на било кој начин не можам да ги променам.

Комуникацијата меѓу моите деца и мене е малку нејасна. Тоа изгледа како да одите во Франција и барате чаша вода на келтски јазик.

loading...

Следуват неколку примери

  1. Што велам јас:Те молам собери ги играчките.
  • Што моето дете слуша: Ајде да си играме со автомобилите и да ги расфрламе низ целата соба.
  1. Што велам јас:Те молам изеди го сето тоа.
  • Што слуша моето дето: Играј си со брокулите и морковите, а потоа следните две минути имитирај мачка.
  1. Што велам јас:Облечи се.
  • Што слуша моето дете: Ништо.
  1. Што велам јас:Престани да го допираш тоа.
  • Што слуша моето дете: Те молам продолжи да го допираш тоа.
  1. Што велам јас:Не скокај од скалите.
  • Што слуша моето дете: Тоа е феноменално. Следниот пат тркалај се по скалите се до трпезаријата.
  1. Што велам јас:Подели го тоа со сестра ти.
  • Што слуша моето дете: Никогаш, но никогаш немој да ѝ ја даваш таа играчка. Чувај ја како животот. Како последна играчка која ја имаш.
  1. Што велам јас:Не.
  • Што слуша моето дете: Прашај ме уште илјада пати.

8.Што велам јас: Облечи се.

  • Што слуша моето дете: Соблечи ја маицата и стави панталони на главата.

Можеби навистина ќе одам на Венера. Ако тамо постои каква форма на живот, сугирна сум дека подобро ќе се разберам и дека предизвиците би биле многу полесни и поедноставни отколку што се со моите деца. Ако ништо друго, таму би очекувала да ми поставуваат едно исто прашање милион пати, а исто така, не би се изненадена да ги видам како носат панталони на својата глава.

Споделете со вашите пријатели!

 

loading...