Жените со оваа крвна група имаат двојно повеќе шанси да останат без потомство

478
Booking.com INT

Она што нѝ тече низ вените влијае на плодноста. Дамите со 0 крвна група имаат двојно поголема шанса да останат без здрави јајце клетки или да се појават кај нив други здравствени проблеми поврзани со плодноста, предупредуваат американските експерти

Bitcoin Exchange CEX.IO

Дали жените треба да формираат семејство и да раѓаат додека се помлади, или прво да градат кариера, во голема зависи од крвната група.

Ова особено се однесува на дамите со 0 крвна група, бидејќи тие имаат двојно поголема можност да останат без здрави јајце клетки или да се создадат други здравствени проблеми поврзани со плодноста, предупредуваат американските експерти од Алберт Ајнштајн колеџот во Њујорк.

– Спроведените истражувања покажале дека жените со 0 крвна група имаат помали резерви на јајцеви клетки отколку оние со некоја друга крвна група. Ова треба да се земе предвид, бидејќи дури 44 проценти од населението на планетата има 0 група, меѓу кои е голем процент на жени.

Од друга страна, припадничките на понежниот пол со A и B крвна група се заштитени од недостаток на здрави јајца. Жените со крвна група 0 немаат антигени А и Б, заради што имаат поголема можност да им се намалат резервите на јајце клетки – нагласува д-р Едвард Неџат од Алберт Ајнштајн колеџот.

Резервите на здрави јајца, инаку, се намалуваат кај сите со возраста, така што од просечните два милиони по раѓањето, во пубертетот, тој број е околу 400.000, а после 40-тата година неколку стотини!

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...