Жени, послушајте ги мажите | Еве што тие сакаат од вас!

2898
Booking.com INT

Сите знаат дека мажите и жените се разликуваат. Меѓутоа, ако го погледнеме светот од машки аспект, за нив, сѐ е прилично едноставно.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Затоа, секој маж со задоволство би ѝ објаснил на својата сакана како светот изгледа од негова перспектива и притоа би ѝ дал до знаење што со задоволство би менувал во нејзината слика на светот.

Така, на пример, мажите би сакале кога жените би сфатиле дека сѐ во животот има своја логична страна (освен понекогаш, се разбира), бидејќи тоа е начинот на кој тие донесуваат одлуки. Жените во процесот на донесување одлуки вклучуваат фактори кои се незамисливи за мажите, па така доаѓа до недоразбирање.

Емоциите се една од работите кои мажите би сакале да ги има помалку, како и озборувања. Треба ли да се зема сѐ на срце и притоа да се биде толку експресивен? Ако ги прашате мажите, одговорот е цврсто “не”.

Исто така, ако интензивно покажувате дека ви е гајле за нешто, како жените, тоа не значи дека сте во тоа посилно вклучени или дека е машко размислување – логично и без многу емоции – помалку квалитетно и важно. Мажите сакаат кога нивните сакани почнуваат да го доживуваат животот малку полежерно и без прекумерни реакции.

Смислата за хумор е една од главните карактеристики на жените кои неодоливо ги привлекуваат мажите, па и тоа дека сте во состојба да прифатите шега на своја сметка, велат мажите.

На крај, малку повеќе реалност не би било на штета. Да, секоја жена има своја визија на врска и брак, но понекогаш на замоците во воздухот треба да им биде дозволено да се расплинат и да застанат со двете нозе на земја.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...