Жени! Поставете ги своите граници на време!

1184

Не мора да бидам пристојна само затоа што тоа се очекува од мене!

Се среќаваме со многу луѓе во текот на нашите животи. Таксисти, водоводџии, поштари, келнери, службеници, случајни минувачи, а тука се и поблиските односи со пријателите, колегите, познаниците, семејството.

Тука станува збор за конфликт во кој понекогаш доаѓаме, конфликт помеѓу чувството дека треба да бидам пољубезна и чувството дека треба да се грижам за својата безбедност и благосостојба, просперитет, за она што јас сакам (гласот на здравиот разум).

Често, особено жените, имаат чувство дека на светот му ја должат својата љубезност, пристојност, бидејќи се жени, затоа што тоа едноставно од нив се очекува (децата често се воспитувани да бидат љубезни, пред 40-тина години можеби и повеќе отколку сега).

Тоа што сме во голема мерка луѓе со добро и отворено срце, не би требало да нè заслепи за фактот дека не секој има добри намери, дека по светот има милиони луѓе кои имаат симптоми на нарцисоидно растројство на личноста, социопати и психопати, лица со гранично растројство на личноста, кои не се во институциите, но прилично се често добро замаскирани добродетели, а понекогаш дури можат и да вршат моќни улоги во заедницата.

Не е кажано дека секој пат ќе налетаме на таков човек, но ако налетаме, тоа ќе го шрепознаеме по тоа што таквиот човек, кога ќе се поставиме за себе, можеби ќе продолжи да го прави она што ќе ги задоволи само неговите потреби, ќе нè игнорира, ќе нè нарекува со навредливо име, ќе стане отворено или тајно осветољубив и ќе се обиде да нè измами со зборови: погрешно си го сфатила тоа, премногу си чувствителна, не се случило така, туку, така и така, како што велам јас … и.т.н. (тоа го прават затоа што сакаат да почнеме да се сомневаме во својата проценка, интуиција и одлука, користат тактика на конфузија).

Луѓето кои нè наведуваат да ги потиснуваме своите чувства, да ја занемариме својата перцепција на реалноста, не се добри за нас и не заслужуваат пристојност. Да му дадеме на некој нешто што не го заслужува, исто е како да крадеме од некој она што не е наше. Тоа не е добро за нас, ниту за другото лице да му дадеме за право да се однесува кон нас без почит, затоа што никој нема да научи ништо од таков однос.

Еден од најдобрите GPS системи за движење низ животот, особено новите односи ги носиме во себе, а тоа се нашата интуиција и чувствата во нашето тело. Ако нешто нѝ кажува дека (во било кој однос со некој) “тука нешто не ми се допаѓа” или дека “тука нешто не е во ред”, во тој момент најдобро што можеме да направиме е да го слушаме својот глас и да го прилагодиме своето однесување соодветно на тоа. Поставување граници на време е многу важно. Во случај да се чувствуваме добро во некој однос, границите можеби нема да бидат потребни.

Важно е да се слушне тој глас во нас кој нѝ кажува: Направи така, тоа е ок! А ова не е ок! Ако нешто во нас нѝ кажува дека се случува нешто што не е во ред, послушајте го тоа, делуваме во склад со тоа, да ги поставиме тие важни граници!

Никаде не пишува дека ние, жените, сме должни да ја жртвуваме својата безбедност, благосостојба и разумност на сметка на добрината кон човек кој, најверојатно, не го заслужува тоа.

Само од нас зависи, дали заради неслушање на своето внатрешно GPS на време и знаците кои нѝ се покажуваат на патот, лекцијата ќе ја платиме неколку денари и 5 минути од своето драгоцено време, или ќе платиме многу повисока цена.

Жени! Одлуките ги носиме водени од својата интуиција, својата проценка… Да се слушнеме себеси! Поставете ги своите граници на време, слушајте го својот внатрешен GPS и да постапуваме според својата интуиција. Ова вреди и за мажите.

Јас не морам да бидам пристојна! Јас бирам да бидам пристојна, бидејќи таа личност во овој момент го заслужува токму тоа, бидејќи ме почитува. И точка!

-Lejla Hejja

loading...