Женски АНТИХОРОСКОП | Лав

53119

Вообразени и напорни кретени. Лавиците навистина веруваат дека нивниот измет не смрди. Дека нивниот влез во просторијата го следат рефлектори и дека во секоја просторија секогаш има барем еден човек кој ги сака.

Вистина е дека станува збор за точно само еден човек. Тие самите. Кога се делело отсуство на разум и неразумно величање на својата вредност, тие добиле дополнителна доза. Толку многу што не останало за некои од другите знаци (фала му на Бога).

Значи, за да бидете со лавици ќе мора да ги научите следниве работи: да им го бакнувате задникот (и тоа не во сексуална смисла). Да им го бакнувате задникот. И уште еднаш да нагласам – да им го бакнувате задникот. Да се согласувате со сè што ќе кажат. Да ги обожувате без причина.

На нивна изјава дека имаат очи на мачка, канџи и сите други асоцијации на мачки, климате со глава фасцинирани од нивната оригиналност и во никој случај да не сте им кажеле дека секоја лавица на оваа планета истото го зборува за себе, ќе сметаат дека откриле топла вода.

Ако живеете со нив, во никој случај, не им го привлекувајте вниманието со тоа дека се неподносливи, напорни и непредвидливи, со кои е невозможно да се живее, прецизни и дека е невозможно да се комуницира отворено со нив, бидејќи не прифаќаат ниту навестување на критики, а камоли сама критика.

Она што не смеете да направите ако сакате да ги задржите своите лавици покрај себе е да не ја започнете реченицата со: “Јас …”. Да им дадете било каков вид на критика. Да ги однесете во опсерваторија каде со телескоп можат да видат дека планетите не се движат околу нива, туку околу Сонцето.

Ако сѐ уште сакате да искашлувате влакнести топченца од лижење задник, повелете.

Клик на Женски АНТИХОРОСКОП ве води на Девица.

Женски АНТИХОРОСКОП | Девица

loading...